Девојки, втор пат немам доволно фетална ДНК, веќе сум 13та недела и поминав скрининг кај Димчев. Дали да се боцкам трет пат или воопшто да не се малтретирам со ова кога знам дека е ок скринингот?
Ако е оке скринингот, немораш. Твој избор е, ако сакаш можеш да смениш лабараторија, и на @LadyR исто два пати ја враќаа и на крај смени лабараторија. Ако сакаш да правиш смени лабараторија.
Каде правеше два пати? Јас Панорама правев, и два пати немаше доволно фетална ДНК. Потоа отидов за Нифти Про да правам (ми ги вратија парите од Панорамата). Сите три боцкања ми беа точно на две недели. Панорама ми беше феталната ДНК 2.3, па после две недели 2.5. И после две недели за Нифти 7.нешто имав магично...
Нифти про правев, ама клексанот најверојатно прави проблем. Можеби не сум доволно информирана, но ако скринингот е доволен показател дека се е во ред, не би сакала да се боцнам пак.
Taka e, ama koga I testot I skriningot ke ti pokazat deka se e ok po raat si mislam, e sega koj ima finansii da si napravi ne e loso.
Здраво девојки има ли некој правено пренатален во систина? Ми спомнаа на преглед ама не прашав ни кој тест е ни колку е
Со фирмата за Панорама тест соработуваат, немаат свој посебен. Јави се во Панорама, имаат неколку пакети. И ќе се договориш со нив за боцкање.
Па го рекламираат од 9та... Ама да почекаш барем 11та+ би те советувала. Така ми беше речено и од генетичарката од Систина, и од др. Димитров од Систина. А ако се боцкаш клексан, или имаш вишок килажа, и 12-13 е подобро. Јас аспирин пијам, генетичарката од Систина ми рече два дена пред боцкање да не пијам. Исто е и за клексанот.
Јас го правев Панорама во 10+3 и со примен клексан имав 6% фетална Днк и резултати за 7 раб дена. Ова пред две ипол год.
Незнам на мисла ми е дали да правам и кој Кај Димитров одам он ми препорача да направам во Систина Со матичната се слушнав она ми рече ако правам во авицена да направам доста повеќе работи опфаќал 9+6 сум имам време ама сега мисла ми е побрзо да направам Имаче примам клексани и аспирин и ич не ми текна да го прашам докторот дали може да прескокнам еден за тестот
Јас прашував во Biosave, за qualified, ми рекоа нема потреба да прекинувам клексан. Ако треба покасно ќе отидам крв да ми земат ама не го прекинувам.