Мислам дека најдоцна до 14та или 15та. Имаше некој распоред пишано некоја членка баш фино и културно ама неможев да го најдам јас го барав за другарка пред скоро.
Да, бејби бреин ис риал, а не верував дека до волку е... Секој ден некоја нова лудост правам скроз бесмислено
Мислам дека нема ограничувања, единствено од Qualified ме известија дека до 32 недела имаат ограничување за испитување. Во Жан Митрев кога прашав ми рекоа дека нема улога која недела си.
Update: Направив Biosave, што влијаеше на изборот? Појма немам, тоа одбрав на крај Резултати за една недела, брзо, лесно, стигнаа на емаил и толку беше, џабе паника правев Ама ок се Biosave
Исто и јад правев Панорама во Систина и ми покажа Risk Unchanged поради феталната фракција, мене ми е 5.3, мене ме советуваа дека нема потреба да се повтори.
Денес добив резултати од Veragene - Авицена. Се е супер, низок ризик има за се. Доволно фетална фракција ( ми кажа колку ама од возбуда не ја заслушав). Резултатите ги имам на мејл ама не отварам зашто ќе чекаме да достават балонче за полот да го видиме. Денес е точно 7ми работен ден од боцкање, вклучувајќи го и денот на боцкање (околу 12 часот ме боцнаа). Задоволна сум и релативно брзо добив резултати, а ми следува и некое усб и дневник за трудници, утре ќе ги подигнам. Полесно се дише сега
12 + 5 бев дента. Да, тој е тој со брис од таткото, имаше миено заби пред да одиме па си чекавме таму 1 саат да помине дејството од пастата, чисто за инфо
Zdravo devojki za prenatalen test vo sistina dali pravel nekoj sega brzo i kolku e cenata? Neznam koj da go pravam sovet? Falavi
Прво правев Нифти про и два пати џабе ми зедоа крв, немаше доволно ДНК. Трет пат направив во Био сејф и за една недела имав резултати. Докторот од Систина ми ги предложи нив. Испитувањата се вршат во Шпанија
Во Biosave правев и јас. Qualified се вика тестот, за 5 работни дена стигаат резултати. Задоволна сум.
Од 590еур почнуваат, зависно колку опширен тест ќе одберете. Некогаш има 50еур. попуст. Нека кажат и членкиве што правеле поскоро.