Ги споредив подетално овие две тестирања, Нифти вклучува повеќе трисомии (9,16,22) за разлика од Qualified 180. Исто вклучува и повеќе микроделеции. Веројатно ќе изберам сепак Nifty Pro. Ви благодарам на сите за одговорите.
Ако мислиш на Veragene тестот, не дава таткото крв, туку му зимаат брис од уста. Јас овој го гледав, на крај се одлучив за Нифти про.
Јас правев VeraGene уште во Јануари месец и сум презадоволна. Зимаат крв од мајката и брис од уста од таткото резултати бидејќи ме фати празник имав за 8 работни дена иначе го праќаат во Кипар, се прави од 10 недела само мене поради други работи ме фати да направам точно на 13 недела.
јас правев и за двете деца нифти про презадоволна од се. еве сега пак ако стасаме до 10 недела да е се во ред пак ќе правам. само дали знаете дали имаат некој попуст за трето дете?
Devojki za 1 nedela treba da pram nifty pro, nekoja sto praela pobrzo da mi kazit cena i za kolku vreme dobivte rezultati?
Во Кина мислиш Тука го прават ама резултатите ги верифицирана во Хонг Конг. Ама тука ги ставаат на машина
Здраво девојки. Дали има некоја да правела скоро Нифти преку Плодност? Ме интересира со која лабораторија соработуваат за да разгледам подетално. Во петокот бев на преглед, 8+5 сум, докторката ми рече понеделник да правиме Нифти, ама ништо повеќе не ми објасни, ни какви има, ни цена, ништо
Кажи и на докторката да не те форсира толку рано за пренатален пошо може да нема доволно ДНК фракција и само стрес да ти направи, да чекаш резултати, а да ти се јават дека немале материјал доволно. Да, се прави од 9та недела, ама подобро почекај барем една недела плус за да не се боцкаш пак. Плус разгледај си кај ти одговара на тебе, имаме 5/6 опции веќе, не си обврзана да правиш Нифти откај нив пошо они со нив соработуваат и ќе лапаат процент.
Тестот најдобро е да се направи веќе од 10та недела, дека 9та може да е рано и како што ти рече членката може да те извади од памет па ако нема доволна фетална фракција па пак боцкање. Те убедуваат дека тие соработуваат со лабараторијата и земат процент. Направи си го тестот кога мислиш ти и кога ќе имаш средства, нормално. И немора да е стрикно Нифти, еве јас тој не го правав, туку друг. Кој ќе си одлучиш ти тој, сите работат на ист начин.
Реално е рано, ти од понеделник ќе бидеш 9 недела, барем 10+ за да може да има доволно фетална фракција. У право е @Noemi зашо само стресови за џабе. Башка имаш многу лабаратории и многу избор, истражи на интернет или овде ќе видиш кој најмногу ти одговара. И по опции и по цена.
Истото прееска сакав да го пишам ама си викам ајде подобро молчи. Јас 2 пати немав доволно ДНК за нифти, правев во 10та и 12та недела. На крај направив во др лабораторија во 13та. Матичната моја често знае да биде мн дрска и лом ме направи зошто не сум ја прашала кога точно да го правам. Според неа овој тест се прави по 13та недела. Стварно некогаш не знаеш кој и што да слушаш.
A neli e malku kasno 13 ta nedela vo slucaj ne daj boze da treba da se prekine bremenosta? Glasno razmisluvam samo ne znam kako odat tie raboti,jas pravev kraj na 10 ta po sovet isto od doktor ,ama ete sekoj razlicno
Jas kolku sto znam voobicaeno se prajt 10-11 nedela, jas deka se bockam so kleksan doktorot mi rece da cekam barem 11.3 da sum ama poveke od toa ne…. I prvata bremenost bev isto 11+0 duri vecerta pred se bockav so kleksan pa nemav nikakov problem dobiv rezultati za 7 den
Nifty Pro направен во недела 12 + 3. фетална фракција 14. Резултатот е одличен. Супер искуство имав со Гинекаликс. Резултати добиени за 6 календарски денови.
Прашање до оние кои направија испитување преку БИо сејф- колку ви е фетална фракција? Сега гледам дека пишува 3% и ме фати страв да не е нешто лошо