Zdravo za kolku dena imase rezultati? denes mi e 6 ti den so denot koga mi zemaa krv, sega vekje sum nestrpliva.
Ми рекоа дека се потребни 5 работни дена, со се викенд ги добив на 6ти ден. Денес или утре секако ќе ти се јават. Сега се сетив дека кај 16 часот ми се јавија, така да имаш уште надеж дека ќе ти се јават денес. Пиши ни како ќе поминеш
Девојки да ве прашам за искуство, на скрининзите (правев кај двајца доктори скрининг), бебето си беше супер, одлично напредува, носна коска... се си беше одлично. Правев приска, ми покажа резултатот среден ризик и матичната ми кажа тоа се статистички податоци, вели поради годините (триесет и осум). Ми предложи Нифти тест, направив, чекам резултати. Дали некој имал слично искуство и какви резултати сте добиле. Многу сум уплашена, нестрплива сум да ги добијам резултатите...
Штом на скрининг и двајцата доктори ти кажале дека е во ред, значи нема што да се грижиш. Приската е само статистика и кажува колкав ти е ризикот според годините. Јас не ни правев Приска дека многу мајки еве вака ги извадила од памет, затоа се одлучивме дирекно на пренатален. Ќе бидат супер резултатите од Нифти, не се грижи.
Ти благодарам, убаво ми кажуваа не прави приска, незнам што ми требаше оваа грижа. Се молам само да ми се добри резултатите
Вчера не се јавија а и денес ги нема да се јават. Се јавив прееска ми викаат најкасно до петок… ги чекале да ги закачат резултатите на систем. До петок се 10 раб дена, значи врска нема тоа што го зборат. Крв ми земаа во понеделникот. Многу дена ми се некако…. А мисла ме утепа само на тоа мислам
Имаше скрининг до сега? Сигурно нема потреба од грижа, ние сами си правиме филмови. Еве јас денес бев на втор скрининг и претходните 2 дена ич не можев да спијам од шо си правев црни сценарија. Фала Богу, се е супер.
за колку време имавте резултати од нифти од денот на земање крв? денеска ми земаа крв рекоа за 7-10 дена резултати. за ќерками 4-5 дена за син ми 5-6 дена ми се јавија.
Здраво, искуство од Панорама тестот? Денес бев на контрола во Ремедика и др. Ми кажа дека тој бил најдобар и дека само тој вклучувал триплоидија. А баш се мислев за Qualified 360..
Еден е пакет за близнаци немаш да бираш.Во Ферти Клиник се наога кети дадат бројче и кети објасни жената детално.Примероците ги праќаат во Калифирнија
670 е мислам дека е цената а кога е на попуст 620 . а јас платив 600 дека по трет пат правев нифти про. уште чекам резултати 6 дена поминаа веќе кај и да се деновиве се надевам ќе ѕвонат со добри вести. ужас е ова чекање измачување психички е многу.