Jas sega vo cetvrtok pravam nifty pro toj mi go predlozija....inaku vo Ginekaliks ke go pravam nekade okolu 42000 kostase mislam pa ke vidime rezultatite kako ke bidat
Во Солун тестот чини 400 евра.Доколку имате можност отидете,ем ќе си се прошетате.Апсолутно Грците се многу професионални во сето тоа.
Moze li info kade vo solun e taa cena znaete li vo koja laboratorija ako imate info ve molam spodelete
Премногу пари си дала, те "одрале". Јас во август правев Nifty Pro преку Генем од Гевгелија, тестот беше околу 28000 и ми го поделија на 24 рати без камата по околу 1600 денари месечно. Ми понудија опција да изберам тестот да се прави во Загреб или Хонконг, јас одбрав Загреб за побрзо да добијам резултат. Дојдоа со кола, ми зедоа крв и за 4 дена ми стигна резултатот, се беше во ред. Јас гледав цени и во околните земји да се тестирам. Во Грција 370 евра е Nifty основна верзија, а Nifty Pro е 480 евра. Бугарија беше слично со цени, а Албанија малку поскапо. Нашите плати се скоро дупло помали од Грците, а плаќаме поскапи тестирања, што не е во ред. Јавна тајна е дека неколку лаборатории како Геникаликс, Биосејф, Биотек даваат висока комисија на докторите за секој препорачан пациент, па затоа тестот кај ни е по скап. Посебно Биосњјф, продаваат тест за 700 евра кој во Грција чини околу 350 евра, се занесуваат со цените. По цени, од нас полоша е само Србија, очигледно таму докторите имаат највисок процент. Така да, пред секој да се тестира, добро мора да ги проучи цените, а не само да залета каде ќе го прати гинекологот. Ако гинекологот ви каже Nifty, информирајте се најевтино истиот тест. Nifty се прави во Загреб и Хонг Конг, сите лаборатории од Македонија го праќаат во странство. Дали ќе го пратите преку Геникаликс во странство или преку друга лабораторија, тестот секако ќе се прави на истото место, и извештајот ќе биде од истото тоа место. Зошто да дадете за џабе на некој 15000 денари фазла или да изгориш пола плата?
Како може да има толкава разлика во цената? Сигурно дека се работи за истиот тест во Генем и Гинекаликс, ги опфаќа истите работи?
Да, детално ги споредувавме брошурите на Генем и Геникаликс за Nifty Prо и се јавив и во двете лаборатории. И во двете лаборатории се тестираат истите 92 микроделеции и дупликации, и двете лаборатории го праќаат примерокот во BGI во Хонконг, а Генем има опција и за во Загреб. Извештајот од Хонконг мора да е ист бидејќи BGI го изработува. Јас ја одбрав најскапата верзија на Nifty Pro, имаат и основна верзија на Nifty, околу 300 евра беше таа. Во Генем ми понудија и Панорама и Верифи, ги испраќаат во Калифорнија, цената за тие беше некаде 500-600 евра, но Nifty Pro е најопсежен, покрива најмногу болести и за тие пари најекономичен и најевтин.
На нивниот веб-сајт велат дека нивното Nifty има 84 микроделеции и мутации https://ginekaliks.mk/brands/nifty-pro/ и имаат линк кој води повторно до BGI. Дури не им е ни преведен описот на тестот од англиски. И двете лаборатории го праќаат тестот во BGI во Хонгконг, така да не може да се разликува бидејќи во BGI се прави тестирањето. Задоволна сум што го направив истиот тест во Генем за скоро 15000 ден поевтино. Нема логика во Скопје да е 42 000 денари Nifty pro, а надвор од Скопје, дали е тоа во Генем или во Грција да е 400 и нешто евра. Многу е голема таа разлика. Ако во цела Европа најскап пренатален тест има во Скопје, тоа не значи дека е најквалитетен, туку дека овде има монопол и буквално не крадат со цени до плафон за услуга каде секаде е поевтина.
Sekoj odi kaj sto mu odgovara,jas pa od gevgelija sum pa prv pat od tebe alusnav deka kaj nas ima takva laboratotija nikoj dosega ne spomnal deka postoi takvo nesto
Токму така, секој сам одлучува што ќе прави со своите пари. Мојот гинеколог ни даде 2 брошури за Нифти и Панорама. Но ако гинекологот има брошури од фирми кај него и цената им е по 600-700 евра од тест, овде ми беше нешто сомнително. Јас се јавив буквално во сите лаборатории и клиники за да се информирам и да донесам информирана одлука, а ги барав и цените и опциите во странство. И Нифти и Панорама се продаваат од повеќе различни лаборатории и болници, од 5-6 места добив цена за Панорама и скоро кај сите беше различна, а сите ја праќаат во иста лабораторија во Калифорнија, а Нифти во Хонгконг. Панорама ги испитува хромозоми и 6 мутации, a Нифти хромозомите и 92 мутации, па логично се одлучив за Нифти про. Потрошив 2-3 дена да се информирам, но затоа пак знам дека сум донела информирана одлука и најважно со сигурност знам дека моето бебе ќе биде здраво и нема простор за загриженост.
Ma najbitno e rezultatite da bidat kako sto treba se drugo ne e vazno...a bidejki sum se namacila so godini da ja postignam ovaa cel i prva bremenost mi e taka da uopste ne me interesira kolku ke kosta,samo neka bide se vo red
Какви глупости изнапиша и жива остана. Овие Генем на некој близок ли се па тешка реклама им удираш? Лабараторија за античка днк македонско швајцарска притоа. Знаејќи што правеа во Гевгелија со ковид тестовите сигурно дека би тргнала некоја за НИПТ таму. Никој никого не "краде" ниту некој доктор те форсира каде да правиш НИПТ, има куп членки што докторот им кажал не мора па си направиле по избор, или направиле во сосем трета лабораторија. Не може да се споредуваат фирми како Гинекаликс, Биосејв и Авицена со некој стартап од 2020та (хинт,хинт, пандемиски профитери) што тука испитува НИПТ. Истите цени се секаде каде што се работи за стабилни фирми и во Грција и во Бугарија и Србија. Кажи ја која е репутабилната фирма во Грција која за 400е нуди генетски тест? Еве јас превртев се и не ја најдов ама затоа најдов за 680е исто како тука. Едит: Не може да си правела Nifty Pro во друга лабораторија освен во таа чиј заштитен бренд е името Nifty Pro а таа е Гинекаликс, од тука се гледа колку ги разбираш работите.
Јас го правев Qualified во BIOsave,основниот пакет од 590 еур. Еве ви ги пакетите. https://qualified.mk/za-trudnici/cenovnik
Еднаш имав пишано кога напоменав за Грција,тестот не е Нифти туку е Clarity тест и се праќа во Ница,Франција. Тестот Нифти од Генекаликс не се праќа во Хонг Конг,се прави кај нас имаат лабараторија а потоа само сертификат добиваат од Кина. Патем додека вие ги набројувате сите тие микроделации и дупликации треба да знаете дека ако добиете не дај боже позитивен наод немаат како да ги доиспитаат истите,не се испитуваат преку аминоцинтеза дури и приватниве болници ги немаат тие испитувања.Пред само да ви нудат што се се испитува и ви нафрлуваат прво прашајте ги за се посебно од сите тие работи,бидејќи крајно е и тоа најважно нели.Тестот во Грција го платив рамно 400 евра. БИОСЕЈф од кога ги прашав почнаа да дткаат дека чим сум упатена најубаво да се видиме да ми објаснеле што се испитувало. ГИНЕКАЛИКС лажеле до пред пола година дека ги праќале во Хонг Конг. Што и да одлучите без разлика на пари не дозволувајте будали да ве прават.
За колку време ти пратија резултати? И кој ги "чита" резултатите од таму или мора на гинеколог за најточно?