Исто ми рекоа, и дека имале во последниот период три лажно негативни од Qualified, со Нифти прекин на бременост во 7ми месец не покажал триплоидија... Незнам што да кажам. Рекоа дека со Панорама немаат до сега некое негативно искуство.
Мислам дека се џабе фрлени пари Да е една компанија за вакви работи така и така,ама веќе се 100..и не знаеш дали се за верба,или процент кај матичните
@sencuk Јас правев во Биотек, и сум презадоволна. Додека правев уште 10 жени им земаа крв за истото. Секаде се добри тестовите. Тестот опфаќа 100 аномалии, овој на биотек. Баш напротив јас одлично поминав со Докторката која беше префина и ни објасни се како што треба, и односот со сите и беше таков. Редовно одам во Биотек на сите контроли лабараториски и одлично поминувам, а сум проблематичен пациент со лошење. Па да ти кажам искрено уште црвен тепих што не ми постелија. Така да каде и да правиш нема да згрешиш, само цените се различни и што опфаќа тестот. Секаде си се оке. Нека не те паничи рекламеркава, те молам.
Na rabota imam dve koleski cii deca imaat daunov sindrom, nedaj boze na nikogo, srekja sto postoi vakov test
И кога го немало овој тест имало скрининг кај добар доктор а не сите матични станаа специјалисти за скрининг, приска, амниоцинтеза…И за тоа време имало начин да се превенира и открие на време. Секако со пренаталните тестови е многу полесно, побезболно и нормално е да е така технологијата и медицината да се понапредни. Сега при инвитро постапка го испитуваат ембрионот дали е генетски здрав пред транфер, баш за овие аномалии за што се и пренаталните тестови , не се ни чека 10 недела за тестов.
jas pravev vo biotek vo 12 nedela i rezz se super,sekoj mesec pravam krvna slika kaj niv i se sto mi treba...veke sum 32nedela i me faka strav dali se tocni rezz,da ne iskoci nesto loso....uff ova e veke paranoja
Нема потреба да те фаќа страв. Чим се супер, се е супер, не си прави параноја за џабе, уште малку имаш до крај. Ајде позитивно само.
Здраво. Минатата недела правев прв скрининг и ова се резултатите од Приска. Дали резултатот за Trisomy 21 не е во ред? Biochemical T21 risk 1:198 Combined trisomy 21 risk 1:1227 Trisomy 13/18 + NT <1:10000 The calculated risk for trisomy 13/18 (with nuchal translucency) is < 1:10000, which represents a low risk. The calculated risk for Trisomy 21 (with nuchal translucency) is below the cut off, which indicates a low risk. After the result of the Trisomy 21 test (with NT) it is expected that among 1227 women with the same data, there is one woman with a trisomy 21 pregnancy and 1226 women with not affected pregnancies. The free beta HCG level is high.
Не сакам да те плашам, но најверојатно ова значи дека е може бебето да има трисомија, односно да биде болно. Мораш да се консултираш со здравствено лице и да направиш пренатален тест. Особено ако си го години кога постои ризик за даунов синдром и слични болести.
Знам дека прискава не ја сметаат како нешто добро. Матичната ми рече големо НЕ за неа,подобро направи си од поскапите тестови,бидејќи приската некогаш не давала баш веродостоени резултати. Оди некаде на второ мислење,можеш кај Димчев во Систина,тој е врв за вакви работи и нормално направи си пренатален тест. Те чекаме со добри вести... @wanderlust47
Направив пренатален во Генеа во средата и чекам се надевам позитивни резултати. И мене многу ми рекоа дека Приската често знае да излезе дека не е во ред, но всушност е само математичка пресметка која може да не е точна. Фала ви @ForeverME @Fani4kata
Лани со претходната бременост правев панорама зошто буквално на сегде се рекламираа ама сега кога почнав да расчепкувам некако не се активни … ич. Нифти нејкам од лични причини… и некои искуства од блиска околина. А другиве некако мн ми се и не знам ни кои да ги гледам … дајте препораки вие што разгледувате моментално со фактичка информација зошто тој а не овој итн некако мн избор сега ми се гледа
Јас правев Qualified 180 во Био Сејв. Задоволна сум од однос, пристап, навремени резултати, немаше нешто сомнително низ процесот, има плаќање на рати.. се на се, ги препорачувам
И јас правев Qualified во Био Сејф. По препорака на пријателка доктор. За 9 работни денови имав резултати. Има повеќе избор, можеш да си бираш пакети, секако и според буџетот. Јас сум задоволна. https://qualified.mk/za-trudnici/cenovnik
Се испитува во Кипар. Јас бев задоволна, за 5 работни дена ми стигнаа резултати, со подарок балон за пол и дневник за трудници
Тоа може секаде надвор, освен во МК Кај нас не ги испитуваат за жал ембрионите сеуште при ивф, не сме толку напредни