Недостаток или дупликати на полови хромозоми: Моносомија Х - Тарнеров синдром кај женски деца XXX - Троен Х синдром кај женски деца, XXY - Клинефелтеров синдром кај машки деца XYY синдром кај машки деца
Здраво на сите. Дали ги знаете пакетите за Панорама што ги нуди што се опфаќаат? Што опфаќа basic, а што advanced? На web str не ги наоѓам да прочитам.
Мини незнам дека не го имав во план, Бејзик 37 800 Бејзик плус 41 000 Адванс 46 800 Јас правев вторник 19ти, чекам резултати, можеш на 4 рати без камата со договор на трансакциска, прва рата одма и другите секој месец нареден на тој датум.
Јас неделава ќе правам и претставничката advanced ми го препорача, иако гинекологот мисли дрка нема потреба доволен е basic. Ти кој го направи?
Тргнав со помисла за Бејзик плус.... И ми вика еве едно дете сега се роди со овој прадер вили што е.. Не правела тест бла бла... И викам ај адванс ќе го направиме. Да не мислам после. Не е убаво секако и докторката ми кажува сега со триплоидија од нифти не детектирана прекинав во 6 месец бременост... И ти прави шубе на мозокот. Викам ај нека иде со све да се испита. Една пријателка вика мн стресно поминав во 20 недела на скрининг на гак и од три бремености за последната се истуфкав што не направив... Детето и е све океј ама вика мирот ќе си го купев.
И јас закажав во четврток панорама, advanced, ништо не ни менуваат тие 6/7000 разлика ама комплетно нека е се испитано. Инаку оваа недела имате и попуст за black friday -50eur
Јас чекам резултати, денеска ми беше прв скриниг приватно, све е супер. Уште резултатите од тестов и да поуживам во ова тромесечие што следи ❤️ и да може да се смират мачнините да си каснам бургер некој убав го мислам две недели.
Хахаха леле исто се осеќам си викам брисеви, пренаталниов и прв скрининг и после да поуживаме со мешиња до втор скрининг после пак стресови од overthinking и после тоа веќе трет триместар дошол после ќе паничиме за проѓај и што се ќе ни е тешко последни месеци Lady обавезно пиши резултатииии … све ќе биде супер чисто за полот да се порадуваме
Женски, дали некоја правела тест во BIO SAVE тестот Qualified 360? Јас правев во средата на 20.11 и ми кажаа дека резултати пристигнуваат за 5-7 работни дена максимум Сега се јавив ми кажаа дека ќе пристигнат тек после понеделник на 02.12 Дали чекала некоја толку денови ? Не за друго, ми стои на ум дали е се ок
Панорама изминативе недели што правевте за колку време ви стигнаа резултатите? Минатата бременост знам порано од 7денови баш се изненадив кога го видов мејлот а сега ми рече и до 10работни?
Ја тек вчера се боцкав значи на средина на декември мн сум нестрплива за вакви ствари … ама ај само да е се ок
Незнам мене ми рече дојди на 19 ги праќаме денес материјалите во америка. И отидовме набрзина све ајде.. Ама очекував денеска барем резултати.