Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неинвазивни пренатални тестови

Дискусија во 'Бременост' започната од svetkicka, 14 мај 2015.

  1. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    девојки, како ги издржавте овие 2 недели додека се чекаат резултати, само отварам меил, спам, цело време тоа ми се врти во глава?
     
  2. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    963
    Јас бев со позитивни мисли, длабоко во себе се убедив дека се е во ред и не бев толку под стрес и исчекувања за резултатите. Нормално дека кога веќе си се решил на таков тест дека ке има моменти на нетрпение, но целата бременост чекаме нешто.
    Чекаме две недели до тест за бременост, чекаме две недели за срце, за следен преглед, за скрининг итн.... Мој совет е само опуштено и со убави мисли :inlove: нетрпеливоста ништо нема да донесе.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Јас мн добро издржав 7 работни денови не ни посмислував и после дојдоа 10 работни и ме фати нервоза и пак нема и рано звонев уште во 8 и 10 мин и ми ги прати резултатите. Баш мене ми се најде да нешто имало проблем со апаратот и затоа се одолжиле резултатите. Ќе биде биди само позитивна ❤️
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  4. optimist10

    optimist10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Lele i jas edvaj docehakv ama eve deneska posle 5 rabotni dena gi dobiv rezultatite i se e super ( prvo pa mashko) inace sovet @EnaEnA30 probaj da pravis neso so te opushta jas iskreno deka koristam godishen odmor si pushtav christmas filmovi :D samo pozitivno kje bide se vo red na site vi posakuvam.
     
    На Simon4e0507, Izzy_0504, EnaEnA30 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    Во Плодност Битола, кој пренатален тест го прават?
     
  6. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Здраво, се мислам помеѓу Panorama i Qualified 180 тестот... Што ќе ми предложите? Искуства?
     
  7. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    137
    Ја имам истата дилема, само кај мене се врти плус Нифти во игра.
    Деновиве правам анализа на пренаталните тестови, па ако Нифти добива неколку поени плус во однос на некој друг тест, другиот тест има други псусови кои кај Нифти се минус и обратно. Секој тест, дали е Нифти, Панорама, или Qualified има свои предности и недостатоци во однос на останатите.

    Деновиве тоа ми е главна преокупација, и на некој начин ме стресува.

    Се консултирав со матичниот, кој го предложи Нифти како најдобар.
    Се консултирав со друг приватен доктор кај кој сум одела на прегледи, кој го предложи Qualified како најдобар. И обајцата се доктори на кои им верувам, а после прашањата се збунив уште повеќе. Не знам, дали секој навива за лабораторијата со која има соработка, или мислењата им се навистина објективни.

    Дополнително матичниот очекува резултатите да ги добие тој ма маил, исклучиво тој, а исто, другиов доктор кај кој закажав скрининг, исто потенцираше неколку пати, дека тој треба да ги добие резултатите на маил, а не матичниот. Затоа мислам дека сомнежот дека се работи за процент ми е основан.

    Го имам истото прашање како тебе, секое споделено искуство ќе ми значи, како да се реши оваа дилема, и за парите да се добие најдоброто.
     
    На LaTama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Се е за процентот верувај. И мене ми го предложија Qualified ама пак читав за Панорама дека имат поточна методологија за испитување и е постар тест на пазарот па се мислам за него. Искрено прво и јас си мислев како ке и кажам на докторката дека не го правам тој тест него другиот но од друга страна јас ги давам парите за да одлучам кој ќе го направам. Прашав овде за искуство, очигледно е дека не добив одговор за искуства па врз основа на искуства да одлучам па ќе видам што ќе одкучам
     
    На ginger и Ladyme им се допаѓа ова.
  9. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Јас све што прашував и гледав најмногу поради испитувањата за триплоидија само панорама ги прави. И двајцата доктори ми ја понудија и матичниот и ремедика. И тоа истиот муабет...самата малку со читање и нормално средствата размислував и за други опции но на крај направив панорама дури на скрининг Ана Данева ми рече супер е панорама.
    Цената е малку поскапа ако се одлучите за целиот пакет, погоре ги пишав цените. Чекав точно 10 работни дена, после мене и побрзо ги имаа резултатите.
    Поздрав.

    Пс за Квалифајд 360 сестрами го правеше лани...испадна океј све, но оваа година докторката во ремедика ми вика девојче се разочарав цела година го препорачував имав три лажно негативни тестови за синдроми. И ме насочи на панорама. Незнам што да кажам.
     
    Последна измена: 22 декември 2024
    На LaTama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    5.322
    Јас се одлучив за Qualified бидејќи работат на Илумина платформа. Резултати имав шестиот работен ден.
    Во претходната бременост правев Верифи повторно ради Илумина платформа, плус ми дадоа и некој попуст дека правев околу Нова година.
    Нифти не сакав ни тогаш од искуства овде на форумов.
    Панорама ми беше како опција ама другарка во 12+ недела не и изолираа доволно фетална фракција (не е со вишок кг, не прима клексани), па ја пребоцкуваа, и ги чекаше резултатите подолго време, а во меѓувреме имаше слично искуство и овде.
    Плус ко им се јавив за повеќе инфо воопшто не ми беа услужливи, ми набројаа само пакети со цени и толку, за разлика од Биосејф каде девојчето максимално се потруди да ми ги објасни сите пакети, без разлика што ги има на нет.
    Докторката што ме води ми рече твој избор, сите се исти, гледај кој ти одговара на буџет најмногу.
    Ниеден од овие тестови нема 100% точност, со било кој се можни и лажно позитивни и лажно негативни резултати, сепак се работи за скрининг тестови, не се за дефинитивна дијагноза.
     
    На Dijana DM, Noemi и LaTama им се допаѓа ова.
  11. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Фала ти на споделеното искуство. Без разлика што е скрининг тест гарантират 99% точност за да излегуват грешка резултати, зошто ги правиме тогаш пак да имаш некоја сигурност. Многу лошо е тоа со лажно негативните резултати
     
  12. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Фала на спиделеното искуство..Каква е илумина платформата, што е поразлично од другите платформи?
     
  13. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    137
    Ќе те замолам ако имаш време накратко да ми објасниш што е Илумина платформата? Изгледа сум пропуштила да прочитам за тоа.
     
  14. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    5.322
    @LaTama @ginger
    Илумина е водечка фирма во светот која развива технологии (машини, реагенси и сл.) за днк анализа и геномско секвенционирање. Многу светски генетски лаборатории, па дури и некои НИПТ тестови користат нивна технологија.
    Пишете на гугл Illumina ќе ви излезе.
     
  15. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Да и VeriRef на Ramus се работи на ilimina, harmoni, qualified, verifi.. Докторката ми вика ако идеш илумина види цена каде ти е најефтино а се испитува цел пакет. Премногу се цените за нашиот стандард на сите тестови ама да си купиме мир.
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Сите НИПТ тестови, освен кинеските се прават на Илумина машини, бидејќи Илумина ги има патентирано НИПТ како тестови, така што и Панорама исто така испитувањата ги прават на Илумина, само методот е различен.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    137

    Се согласувам дека од Биосејф беа и најдетални и најпристапни во објаснувањето. Дечкото со кој контактирав ми одговори надвор од работно време, и издвои околу 20 минути за разговор. Со претставниците од Нифти и Панорама, разговорите беа пократки. Сашка во краткиот разговор повеќе се насочи кон критика на конкуренцијата отколку кон објаснување на предностите на Панорама, ги наброја, не дека не, набрзина.

    Биосејф, односно Qualified ме привлекува затоа што за 99 евра плус може да се направи и тест за цистична фиброза и мускулна дистрофија (односно дали мајката е носител на гени - па ако не е, нема шанса ни бебето да има), а плус имаат и добра понуда за зачувување на матични клетки понатаму.

    Но, според интернет анализите, Qualified е во поновите и лимитирани се податоците во поглед на неговата сигурност итн. Читам и на форумов, неубави искуства. Демек Панорамата има најмала можност за грешки и сл., но тие пак не нудат тест за цистична фиброза и мускулна дистрофија. Гинекаликс нудат, и кај нив тој тест, со уште некои болети чини плус 450 евра.

    Не претпоставував колкава дилема ќе ми предизвика избирањето на ова тестирање.
     
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    637
    Пол:
    Женски
    Најискрена да бидам се мислев и јас и претходната бременост и оваа направив панорама, некако се осеќав сигурна бидејќи тестот се прави во Натера една од првите лаборатории во овој правец. Иначе мн сум размислувала на темава и со Сашка имам зборувано за овие дополнителните дијзагнози од другиве медтс што ги нудат…. Ама најискрени да бидеме, еве недај боже тестот и да покаже можност за цистична фиброза, би размислувале да го сбортирате тоа дете? Денес цистична фиброза пациенти во светот живеат и до 50год со првилна терапија и следење

    Генерално е тешка таа одлука, не викам ништо секој ќе мисли откако ќе дознае ама ошто таа одлука е тешка затоа што живот со тие дијагнози сепак има… сите останати синдроми се потешки а некои и резултираат со комплетна нефукционалност на единката.
    Многу тешка тема ама нејкам ни да мислам на тие работи, само си прајме муабет онака најженски… дали треба се до толку да се испитува и колкав е процентот на точност за овие дополнителни тестирања на неродено дете
     
    На КаринаТ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Во МАНУ можеш да испиташ цистична фиброза во секое време и не чини 100€.
     
  20. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    3.479
    Јас го правев GeneSafe, всушност тој ми го препорача докторката и прифатив иако мислам дека од секој тест имаат процент. 690€ беше цената, а резултати имавме за 1 недела колку што се сеќавам.
    @plavata212 мислам дека баш овој го препорачуваат во Плодност, не сум сигурна најдобро да прашаш на рецепција.