за жал така е и кај мене ,и му кажав на док.во систина тераме овде све пошто матичната ми рече така само за брисеви и упаѕи кај нејзе, е сега прочитав дека треба да отвори мајчина да те повика на прв преглед како налил систематски .....за жал сме препуштени сами на себе и еве вака да се информираме.
Зависи до матична, мојата во ниту еден момент не ме врати, само терапијата ја оставаше на ивф докторот до 12/13 недела. После првиот скрининг таа ми ја водеше бременоста, вториот скрининг бев кај докторката што ме пораѓаше па почнав и кај неа наизменично да одам до крај. Прашајте друга док за матична.
Прашав за кај Чочоровска некаде кај мвр и државна се наоѓала и највише ми одговара па не знам,не добив препораки
Јас ја сменив пред да останам бремена, незнам дали тебе ти пишав тогаш или на некоја друга членка... Не ми се допадна не е достапна, слабо заинтересирана.. Се чека доста. Еднаш ми вика полицистични јајници следниот пат не...
Јас лично немам искуство, моја братучетка има. Ја тераше да абортира зш тогаш имаше 42 години и наводно имала мн попуштени вени, без никакви дополнителни објаснувања и испитувања. Фала боги се беше супер, сега нејзиното 3год ќе полни.
Секаде ист е Нифти тестот и нема никаква разлика. Името на тестот кажува спецификации на тестот и нема разлика од кој доктор или лабораторија го правиш. Не се прават Нифти тестирања во Македонија, туку се праќаат надвор. Сите тестирања за Нифти се прават или преку словенската фирма GenePlanet или во BGI. Цената се разликува зависно дали одиш преку агент или директно преку лабораторија, секој доктор или лабораторија си има различна цена за која ја наплаќа услугата што ти го праќа тестот во странство. Но каде и да се тестираш за Нифти, резултатот ти е или од GenePlanet или од BGI. Исто ти е и со Панорама, цената кај сите е различна, а сите тестови се прават во лабораторијата на Натера.
Значи да чекам Март месец може ќе има попусти Уште ова да прашам за него нема ограничување дали ќе се направи на пр.во 12 недела или во 4 месец?
Мојот гинеколог ми препорача да го прават по 12та недела бидејќи ризикот за спонтани абортуси е највисок до 12та недела. Се разбира дека нема да чекаш до март, туку за месец најдоцна треба да го направиш. Самата цена на Нифти Про е различна кај секој доктор или лабораторија, распрашај се каде е најниска цената. Јас Нифти Про правен во Генем и платив 28 000 денари, ми го направија на 24 рати. Сега гледам на интернет дека имаат на попуст Нифти Про за 430 евра.
Во Македонија, единствени лиценцирани за Нифти се Гинекаликс, и така е со секој НИПТ - без оглед дали ќе се одлучите за Нифти, GeneSafe, Панорама, или некој друг. Најсигурно ви е да одите преку компанијата која си е лиценцирана за тој тест. Инаку, сега Нифти се работат во Македонија, а останатите се праќаат надвор. Ова со Генем лабораторија што е споменувана погоре, исклучиво од една членка, мене ми беше толку несигурно, што не сакав ни да помислам да истражувам за нив. Па и разликата во цената, мислам, лудило
Сега разговарав со агент, дупло ефтини цените дека не зимале процент преку док.итн.сумљиво да! Па немаат ни веб страна нешто на фб.
Членката рекламира. Не ја земај за готово. Разгледај си ги понудите на другиве лабаратории што се веќе познати. Не знам зашто уште не е банирана.
Немој молимте да си играш со вакви работи си се знаат компаниите што си се верифицирани за овие трстови и сите ги правиме таму… какви генем … мисли дека тоа е здравје на твоето дете ниедни пари не се битни во бременост