нема шанси ја кредит ќе земам ама сакам да го направам кај што е сигурно и веќе докажана лаб.на пазарот
Qualified - Bio Save Нифти - Гинекаликс Veragene - Avicena (мислам) Gene Safe - Bio Stem Панорама - Fertty Clinic (мислам) Ќе ме надополнат членките
Ете така супер сега ќе стапам во контакт со лаб.Јас мислам да правам НИФТИ со оглед на год.со сопругот што ги имаме и плус мојата генек.тром. Благодарам
Стапи си во контакт, ќе видиш што најмногу ви одговара, според вашите потреби. Се што ве интересира ќе си прашате, па потоа ќе си донесете одлука. Овде, секоја ќе ви каже различно, една го правела Нифти, друга Панорама, трета Qualified, јас сосема друг. И покрај тоа, сметам дека ниту еден тест не е грешка се додека е од сертифицирана лабораторија. Носете одлука според податоците кои ќе ги добиете, и според она што во моментот најмногу ви треба.
Драго ми е ако коментарот "една членка" се однесува на мене. Значи добро сум направила што сум ги прочешлала сите лаборатории. За мои пари јас одлучувам што и како ќе правам, но некој бот (вработен од некоја лабораторија?) очигледно само ме провоцира во коментари. На овој член да му се верува, или на самата Гинекаликс? Од Гинекаликс речено ми е дека тестот се прави во Кина и не работат повеќе Нифти во лабораторијата на Гинекаликс. Телефонскиот лог од вработениот ми стои, ако некој не верувам, можам да постирам скрин од разговорот со нивниот агент. Јас само пренесувам тоа што нивниот агент (на страната напишан како М -р фарм.Хх Хх Медицински претставник ми го има речено. Или вработениот медицински претставник ме лаже, или некој на форумот лаже, нема трето
Ова шега е? Ќе полудам,зарем и тука на цела мака се лаже и се нема емпатија?! Јас сум вџашена како некој може да се дрзне да помисли да прави вакви работи,до каде оди човечката злоба и алчност ви се молам. Невработена сум тие пари ќе ги враќам со камата. Плус знаете и сами сте сведоци колку коштат ин витрата! Јас не знам веќе која е целта повеќе да се биде член овде.
Мене ова за Нифти ми го кажа матичната дека се работат во Македонија, затоа малку се замислив дека тука друго читав.
И јас од луѓе од внатре знам дека нифти се работат во Ѓорче во лабораторија… кога се јавив и прашав каде ги испраќаат девојката на телефон беше преуслужлива и минрече дека неколку години се работат локално
Вака Метро.. Гинекаликс е фирма која во Македонија е 10 години стара, формирана е од Др Калчовски тој почнал да ги прави Нифти тестовите тука за трудници што порано ги немало во Македонија. Работат со Илумина, фирма која произведува машини за генетски испитувања. Затоа што на почетокот неможел да донесе машини немал стучен тим тука се земало крв и се праќале во Хонг Конг да се прават испитувањата. Сега има добиено лиценца има донесено машини, вработено генетичари и тука ги прават испитувањата и истите за конфирмација ги праќаат во Хонг Конг. Значи сите други немаат тука лаборатории па ги праќаат епруветите со крв да се испитуваат во лаб надвор од Македонија ии таму се работи на истите Илумина машини. Панорама тестот се разликува од другите дека испитувањата се прават по друг принцип и испитуваат триплоидија што е мн честа. Каде и да се решиш тоа е тоа. Цените си ги кажуваат кои се и може на рати. А дека едни се помалку вредни од други тоа не се лажи и никој не гарантира 100%. Претставниците во Нифти ми се колеги од факултет и сите се мн стручни не се сомневај во тоа дека они лажат или незнам што. Мене мн фино ми објасни све ама јас се одлучив за Панорама тестот поради триплоидија.
Гинекаликс и Биотек, локално ги испитуваат. Имаат свои машини и генетичари. Сите останати праќаат некаде.
Господ да не чува и пази па како рекол така и ќе биде....друго не знам што да речам навистина толку силно верував сега све ми падна во вода
Јас само пренесувам што ми е кажано од самата фирма. Поточно, нивниот медицински претставник ми вика дека не се прави повеќе Нифти тестот во нивната лабораторија. Почнале да прават тестови во нивната лабораторија, но се откажале бидејќи не можеле да соберат 50 тестови од трудници и заедни да се пуштат на машината. Па затоа се праќаат во Кина секој ден со DHL.
За колку време излегува резултатот на Гинекаликс? Или не прави разлика тоа што е локално? Пред двеипол години мене ми излезе за 9-10 дена.
Бидејќи мене ме цитира „членката“, ниту рекламирам Нифти, ниту пак сум го направила Нифти. Има мои мислења на предходниве страници на истава тема, за кој тест се одлучив јас. Овде ги пренесувам информациите кои ги добив од докторите со кои се консултирав, како и со претставникот на Нифти со кој разговарав пред да се одлучам. Лабораторијата е во населба Ѓорче, во Скопје. Консултацииве ги правев, пред не повеќе од месец дена.
Јас правев НИФТИ во Гинекслис.Ми кажаа дека испитувањата се во МК дека веќе ја имаат лиценцата и машините баш како што напиша @Ladyme Немаш пристор за паника. Зборев со девојка која работрше во Генеа и ми ги препорача нив заради методот и точноста.