Се боцнав во средата на 12.02 околу 14 часот, сеуште ми се немаат јавено за резултатите. Се си мислам бидејќи следеше викенд ќе ми се јават до петок Пусто нетрпение
Денес ми се јавија и ми кажаа дека немало доволно фетална фракција на бебето во мојата крв Денед треба повторно да ме боцнат. Дали можеби знаете што би можело да е причината за ова?
Која недела си кога беше за крв земање? Мене Докторката ми рече да почекам ради клексаните, 11+ 2 бев.
Незнам искрено тоа еве кај многу пациентки се случува, јас Панорама бев ама нема везе и таму има истиот проблем. Види иди пак нека ти земат крв ама не пиј сабајлечки Аспирин после тоа земи.
Веќе го испив сабајлево, а сега ми се јавија до 14:30 треба да ме боцнат Јас чркав добри резултати а тоа пресврт
Ајде не се нервирај, сега малку ќе ѕи одолжи период на чекање ама ништо не значи да ти ствара паника.
Ако си испила денес аспирин, јави им се да појдеш утре. Се препорачува 24h, а најмалце 12h да има поминато.
Јас во биосејв кога правев бев 10+1гн, вечерта претходно во 19ч примив клексан, сабајлето во 9ч ми земаа крв и имав добра фетална фракција, не знам зашто во Панорама и Гинекаликс често е вака. Нека ти земат крв сабајлето па ќе го испиеш одма после тоа аспиринот
Ми зедоа денес крв. Им кажав дека сабајлеѕо во 8 часот имав испиено аспирин но ми рекоа тој воопшто не пречи Денес сум 12+4 да се надевам дека ќе биде во ред и да помине брзо неделава