Супер ти благодарам, дали во пакетот на Нифти про кој го правеше имаше плус испитувања за моногенетски заболувања? Се надевам дека си добро и се е во ред
Панорама се прави во Ферти клиник колку што знам, таму бев јас. Едино ако не земаат и таму крв истите... не сум сигурна.
Докторот ми предложи панорама, и кога прашав каде да правам ми рекоа можеш тука во систина или број ми даде др место каде што правеле и рече каде сакаш таму. Или кој тест сакаш тој, не е услов дека мора тој. Јас да не комлицирам реков систина нека биде, докторот што предлага тој, тој. Па пребарувам по форум не можам ништо да најдам. Ферти клиник каде ги праќаат, Турција?
Панорама се прави во Америка, Калифорнија. Нема друг тест ама сигурно нудат и таму крв да се земе по договор. Седиштето им е во Ферти Клиник Скопје.
Бев, завршив работа во Систина. Во Америка ги праќаат. Ми земаа крв во лаб. во Систина, истите вработени од лаб.
Се мислам меѓу панорама и нифти про. За нифтито ми рекоа дека лабораторијата им е овде, откупена од хонг конг. Не знам што менува тоа. Што ми препорачувате?
не се допишав. Не знам што менува за резултатите итн, инаку крајно безобразно што го наплаќаат толку пари а никаде не го праќаат. Панорамата има некои 50 евра попуст за 8ми март, искача 47000 плус и триплоидија испитува
Јас лично повеќе верувам на странска лабораторија која долго време работи на ова. Нифти од скоро го работат овде, некои 2 години и баш кога требаше да правам слушав многу работи од типот дека по неколку пати им зимале крв, долго чекале резултат, ги праќале на амниоцинтеза, а излегло се во ред. Сега валда се уходани.
Здраво, дали некој има искуство со Canto NIPT тестот во Genea или Qualified 180 во BioSave? Препорка и искуства?
За оние кои размислуваат да прават veragene пренатален тест, да ви кажам дека денес го правев, брзо е, пополнуваат формулар со податоци од лична карта од двајцата партнери, земаат примерок крв од мајката и брис од уста од таткото, после се наплатува на шалтер и резултатот ми кажаа за 7 до 10 работни денови. Во било која авицена лабораторија може да се направи.
Прашав авицена, 32000 е тестот, опсежен е и се праќа во Кипар. Е сега зошто е толку поефтин од другите