Па и јас исто. Не знам дали да вртам на бројот што ме контактираа за да ми објаснат за тестовите.. ќе почекам до после дали ќе ми се јават
Дали ви се случило по втор пат Нифти тест да не покаже резултат? јас го правев во 14та недела а не сум на никаква терапија. Ми даават опција да ми ги рефундираат средствата, па се мислам дали да ги заменам со панорама
На скрининг супер, се се одвива по пропис. Но докторката не може да гарантира дека во 20та недела ке биде се нормално и затоа за секој случај ова било препорачливо. Имала случаи кај некои пациентки да види нешто сомнително отпосле и тогаш обавезно ги праќала на тест. Толкав голем стрес си направив од овие тестови, ко буквално ме ставаат на мисла и докторите да очекувам дека нешто нема да биде океј понатака а сега за сега се се одвива ко што треба
А што би се открило на овој тест за понатамошен развој? Битни се трите аномалии, а тие се гледаат на прв скрининг, не знам, ако сум грешка нека ме поправи некој. Ама стварно го претераа, мене не ми се мешаше докторката, сама кажав оти ќе правам ама почнаа и они многу да се потпираат на овие тестови
Епа демек ако се покаже нешто јас имам право законски дали ке го раѓам бебето како такво до дваесет и некоја недела. Просто неможам да замислам да донесувам такви одлуки толку касно а дефинитивно премногу се ослонуваат на тие тестови. Човек да не може веќе да се израдува
Јас од овие причини направив Панорама, не Нифти. И пред две години кога гледав имаше мн.вакви случаи и затоа не се одлучив за нив.
Не може врз основа на пренатален тест да одлучиш за абортус Само со амниоценеза Тестовите не се 100 % точни Плус се водат како скрининг не дијагностика
BioSave се одлични, професионални. За една недела се добиваат резултатите. Ти ги препорачувам. Боцкањето е во поликлиника Ружа и брзо се завршува.
Па да,знам дека ако нешто има на тестот се прави амниоценеза. Вајда докторката сака да каже подобро да знаеме се. Се претерува и од страв ете човек се ќе направи
Девојки здраво Доколку некоја правела во скоро време некој од овие тестови во која недела се прават...И дали според вас е подобро ваков тест или Горио биопсија. Јас пред 3 години правев Нифти 99% излезе трисомниа 21, заврши бременоста со абортус, сегА пак сум бремена и ми е страв да правам. Тогаш правев и тест и хорион биопсија....сега незнам
Дани јас правев Панорама таа детектира и триплоидија плус од све што нифти има. Страв секогаш постои, добро е што ги има.. па и да не ослободи од грижи во тек на бременоста. Останува да одлучиш, ако еднаш имало немора да значи дека ќе се повтори, но да бидеш раат. Најдобро 10-12та да го направиш да има простор за резултатите чекање и втор скрининг да го фатиш исто со мерење нухална ширина.
И јас сакам Панорама да го направам. Само не знам дали ќе треба до Скопје да одам затоа што не сум од Скопје
Јас правев Нифти во 12та и 14та недела, 2 пати добив тест без резултат, немало доволно фетална крв. Сега во 16та ке правам Панорама, некако повише ги фалат
Vo koja nedela go pravevte testot? Da se zdravi i zivi da se raduvate na najubavi momenti koi doagjaat
Здраво! На 11та недела правев нипт кој ги опфаќа само најчестите хромозонски нарушувања (во странство). На 13та недела правев прв скрининг и најворојатно ми правеа приска- ми зедоја крв. Мерките на бебето ми рекоја дека се совршени. По неколку дена ми се јавија и ми кажаја дека треба да имам уште еден преглед поради зголемен хцг и намален папп-а од нормалните вредности. Единствен синдром кој се совпагал со овие вредности бил даунов, но поради направениот нипт ми рекоја дека нема место за паника. Сепак инсистираат повторно да ме видат и да ми земат крв и најверојатно тогаш ќе ми ги кажат точните бројки од хцг и папп-а. Дали некој имал сличен случај? Дали треба да прават поопширен нипт, да одам на повеке скрининзи или да правам аминоцинтеза? Не верувам за даунов но страв ми е за некои микроделеции или мозаици. Ве молам за мислење!