Јас дека примав клексани, за секој случај Др Афродита ми рече 11+ 2 бев кога отидов, викаше да помине барем 10та недела за да им доволно фетална фракција. Се чекаат 10 работни денови мене баш точно толку,( некои и за 7) рачунај добив резултати после скрининг.
Неќам да звучи погрешно но до 12та недела не се знае дали може да дојде до спонтан и затоа по сигурно е отпосле. Сум читала случаи што направиле тест во 9та и после имале спонтан. А тестовите се доста скапи
Иако правев и јас пред 12та, сепак сметам да се почека прв скрининг кај добар доктор па ако има индикација да се прави. На скринингот докторката ми рече, се е така добро што ни најмала сумја не постои. И во таков случај зошто да се прави пример
Јас го направив помеѓу 9-10нед по препорака на матичниот гинеколог Ама според мене многу голема грешка Треба после 1 скрининг од сега па натаму здравје ќе си знам Значи после 12нед дефинитивно Камо некој да ме советуваше
Јас го правев 12 недела Панорама. Во консултација со матичната, ме советуваше прво да дојдам на преглед, го гледаше бебето, а потоа да направам преднатален, да не го правам рано, за да има доволно фетална фракција.
Генетски промени не се гледаат на ехо.. може триплоидија и даун во 20-24 нед да се види на ехо. . Што више тоа дете треба да се роди ако се прекине бременост. Целта на тестот е во сигурна недела да се прекине бременост ако има више некој синдром. затоа се прави од 9 - 13. макс. Тие муабети не им држат вода на докториве, секако може прв скрининг да се почека.
До која недела е "безбедно" да се прекине бременоста мислам на она без комисии и остало? Некако во меморија ми е како да беше до 15та недела
А ние што ја немаме таа среќа да добиеме резултат до 13та недела поради тест без резултат што да правиме понатака? Јас го имав тој проблем 2 пати и сега дури во 17та или 18та ке добијам вајда некој резултат а се консултирав со Др.Афродита и ми кажа дека до дваесет и некоја недела имаш право на такви одлуки. Неќам ни да мислам на тој кошмар со толку пораснато бебе, ама стварно немав среќа да добијам на време тоа што треба
Јас го направив да ми е мирна душа и да дознаам пол, верував дека све е добро, мене Др Афродита ми рече за Панорама и ја послушав. Немој да мислиш на негативни резултати, само дека све ќе биде добро и дека ќе го дознаеш полот .
Па да тоа и мене ми беше целта ама се се одолжи за жал. Се надевам на добар резултат иначе незнам што ќе правам Фала за подршката <3
Не се сеќирај, мисли позитивно и јас во 12 недела немав доволно фетална фракција и кога ми се јавија се избезумив, потоа се излезе како што треба, во меѓувреме бев и на прв скрининг и докторот ми кажа дека се е во ред и се успокоив малку.