Здраво и од мене до сите Еве мое искуство , А барам и ваше ако сте имале 2022 Нифти висок ризик на даунов , хорионбиопсија потврди, испитување на плод се потврди наодот од Нифти и хорион е сега драги мои пак Нифти следна недела пак сум бремена и огромен страв во мене да не ми се повтори сценариото од 2022. Дали некоја од вас имала бременост со висок ризик па следна се било океу???
Еве јас, лани прекинав бременост заради тризомија, останав бремена после 3 месеци повторно. Моментално терам 31ва недела со втората бременост, пренаталниот беше со низок ризик овој пат. Држам среќа за убав резултат!
Nema da pravam amniocinteza, so ogled na toa deka testot izleze ureden bas Kako sto imav pretcustvo, taka da PANORAMA VISE NIKOGAS NE BI PRAVELA , POSLE MENE NA USTE 4 PACIENTKI I IZLEHOL TESTOT OD PANORAMA ATIPICNIOT NAOD I DA VI KAZAM DEKA NE SE SERTIFICIRANI. TOA E KOE ISKUSTVO, KOJ KAKO SAKA
Здраво жени, со денови ја читам темава и не знам на каде да терам. Имено мојот гинеколог беше отсечен дека ако не правам во Гинекаликс или Авицена да си го земам картонот и да си одам од таму. Втора бременост ми е, ми ја водеше и првата и задоволна сум од се останато, ама не ми се допадна пристапот и уценувањето за нешто што е приватна одлука и чини многу пари, притоа не беше сугестија туку дрско и уценувачки. Јас инаку сакав да правам во биосејв. Немам поима сега што да правам, дури се мислев и да не го правам.(за син ми не правев) Имам 28 години.
Прво да си го смениш гинекологот. Ќе ме уценува? Море мрш таму, кај сакам, тажу ќе правам, за мои пари нема да ме уценува никој. А ако имаш нормална бременост, акоп а ехо се е во ред, нема шотреба но да правиш. Само добар скрининг ќе си направиш.
Јас лично не ти препорачувам никако Гинекаликс А какви се тие уцени катастрофа За да земе проценти Бизнис си тераат Камо да истражував малку повеќе пред да одам на тест Сега од како имам читано мислам дека ако е добро ехото не би ни правела Или само основните трисомии кои се можни најточни, проширени тестови не А во биосаве имало таков и мислам дека се нај ок фирма
Ниеден доктор не е експерт да ме уценува за мој избор … ич немој да си зимаш при срце ова… одлуката е твоја и на твојот сопруг. Докторот е да даде совет а не да уценува за процент
Не смее да те уценува за твои пари каде да правиш, дрзок и безобразен. Колку и да е добар доктор јас би си го земала картонот, преднаталниот не задолжителен, не ни мора да знае дека ќе го правиш.
Искрено првото го родив на 31 не ни правев пренатален тест сега бремена сум во второ имам 34 год докторката ми препорача да го направам секако ако имам финансии дури и сама се јавуваше во авицена биотек по познанаци да види и сама каде е подобро Убаво е да си го направиш секако финансики ако имаш услови ама да те уценува срамота тоа е твое право реално да бидеме искрени не се баш малку пари
Ти пишаа членките ама и јас ќе ти пишам. Смени гинеколог одма. Те уценува затоа што тие земаат процент од тоа. За твои пари каде сакаш ќе правиш. Јас да сум за инает не правам таму. Убаво е да го направиш тестот, нормално ако имаш можности за истиот, ама не е нешто што е морално. Сепак на крајот од денот е твоја одлука и на никој друг.
Јас си направив кај сакам и без да ја прашам, тоа не е нивна работа и резултатите ми стигнаа директно мене ниту и кажав за резултати, срамота па уште ќе те уценува. Како не функционира нашава држава, здравството и казните па да пријавиш па малку да се освестат.. Доктори станале, срам и брука!
Кажете каде е најдобро јас треба во почетокот на јуни да барам начин да направам НИФТ имам 33години два спонтани и откриена тромбофилија... На 27ми мај ќе правам ПРИСКА па подоцна да сум направила НИФТИ по препорака на гинекологот...Сега сум бремена 10+4 затоа не знам верувајте кај терам невработена на Клексани од 15ти не осигурана а ваму шубе ќе.ми биди ако не проверам
Можеш уште сега да направиш пренатален, нема потреба да чекаш до јуни, тогаш веќе ќе си 15-16та недела. Горе-долу сите се исти, Панорама и Биосејв се прават на апарат на Илумина којшто го има патентирано НИПТ како метод за тестирање и јас се водев по тоа и одбрав Панорама зошто испитува синдроми коишто се некомпатибилни со живот. Нифти на Гинекаликс се испитува тука, исто и Биотек на кинески апарати и двата, но, има луѓе кои се задоволни, мене ова ме одврати како аргумент да ги изберам. Кој и да го избереш мислам дека се сите ок, сите се акредитирани.