Јас 10+6денес а ми рече докторот после 27ми од кога ќе направам ПРИСКА... Многу ми страв после се сакам овој пат да успеам...
Мислам дека во авицена имаш основен veracity кој чини околу 30000. Другите лаборатории имаат за околу 6 до 10 000 денари поскапи тестови кои детектираат главно исто. Не мораш да чекаш скоро сите се прават од 10та недела.
Можеш преку сопругот да се пријавиш за здравствено да имаш или преку Агенција за враборување, за да можеш да можеш да си ги рефундираш клексаните понатака.
Не е вработен а јас сум блокирана ради кредити.. Јас мислам Клексани се рефундираат и без бременост бидејќи не се Користат само во бременост?
Тогаш во Агенција за вработување како невработена пријави се и ќе добиеш здравствено осигурување. За да рефундираш клексани треба да имаш здравствено, без разлика дали си бремена или не.
Ако си била вработена претходната година и осигурана на одредена сума не те следува бесплатно здравствено преку агенцијата. Ама можеш да си плаќаш само здравствено не е голема сумата, а ќе ти треба и ќе ти се исплати во бременост и за пораѓај.
Ми рекоа ако сум немала примања на 280 000 илјади минатата година спаѓам во групата за безплатно здравствено а инаку минималното 800ден месечно е за да имам здравствено... Да одам утре во фондот кај нас да прашам што треба од документи за клексаните... И да пратам оти до 15 ми е последно осигурувањето како помош од државата преку АВРМ после ќе треба да видам како ќе се осигурам...
За клексаните ти треба извештај од специјалист од државна клиника, фискална за купените клексани со сметкопотврда, потврда од матичен со датуми од-до кога си ги примала. Клексаните треба да бидат купени по добивање на извештајот. Еве го барањето што треба да се пополни. Колона Б, точки 1,3,4 5. https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/...domest_(ref_na_sredstva)_na_lekovi_ONLINE.pdf
Да на тие две опции мислев, само не бев сигурна колку е износот во моментов. Ако си под 280000 ќе те осигураат здравствено ако си над таа сума ќе си плаќаш месечно за здравствено осигурување ама не е многу.
Zdravo, moja bliska pravese NIPT test na Qualified i dobi vakov rezlutat. Dali nekoja ima iskustvo? Fala mnogu
Фали еден хромозом, наместо 46 хромозоми, плодот има 45 хромозоми, што значи има анеуплодија-синдром, кој шоточно, и штп понатаму доктор ќе советува. Многу веројатно да и кажат да прави амнио за да се потврди.
Добро нормално е на пренатален тест во Биотек да ми пишува женско а матичнава да ми каже машко може да не се точни тестовиве ја во биотек го правев
Резултатот укажува на висок ризик плодот да има моносомија на Х хромозомот или Тарнеров синдром. Препораката е да се направи хорион биопсија или амниоцентеза за да се потврди резултатот.
Не сум слушнала до сега да не го погоди пренаталниот тест полот на бебето. Така да верувам во тоа, зошто до сега на многу пати се случило гинекологот да го згреши полот. Ама во секој случај провери си пак кај гинеколог. И ако сакаш пиши ни што си направила, за да знаеме евентуално во иднина да ги избегнеме Биотек ако не им се релевантни тестовите.
Не верувам пренаталниот да е грешка чим е девојче таму. Може да е грешен доколку била бизначка бременост на почетокот и да има останато од y хромозомот па да ти даде резултат дека е машко ( ретки случаеви ама постојат ) штом е женско нема простор за грешка. Матичната може да ја видела папочната врвца па да мисли дека е машко. Која недела си?
Не е близначка нема никави остатоци матичната вика може да е врвцата дека седи со скртени нозе сега сум 13 та од утре 14-та а пренатален во 11 го правев обавезно ќе споделам ако е грешка на пренаталниот