Како ги добивате резултатите од тестот? Дали ви се јавуваат дека се готови или само на маил ви ги праќаат?
Прво ви се јават ти го прочитаат, после на маил ви го пратат и кај докторка на маил доколку го имате дадено матична што ви ја води бременост. Резултат од 7 до 10 дена .
Јас немав лошо искуство туку тука читав за незадоволни членки, но и општо што сум зборувала со трудници, често се случувало да нема доволно крв земено, да треба пак, на другарка два пати и земаа и вториот пат пак немаше доволно, а веќе беше 14та недела, па смени лабораторија и тек во 17та доби резултати од новата лабораторија, рачунај кои стресови се тоа, а не е можно во 14та да нема доволно… Едни познаници со близнаци правеле таму пошто и за првото таму, им стигнало резултат за друго дете, што везе нема со нив - не е да речеш ни презиме исто, па утнале. Па се јавиле, па по некое време вистинските стигнале. Нив веќе им било шубе, па направиле на уште едно место пошто не биле сигурни… Трета личност ми кажува дека стигнале лоши резултати, со многу висок ризик за синдром или аномалија. По абортирање и аутопсија се открива дека си било детето здраво…. Мислам има приказни секакви, наспроти овие има и многу задоволни клиенти, но јас одлучив тестов за втората бременост да го правам во Био Сејв, тестот е Qualified. Инаку Панорама исто многу го фалат за близнаци, но кај мене се двојајчани и за нив исти беа параметрите што ги испипитуваат. За еднојајчани (пошто иста днк) е многу поголем спектарот на работи што се испитуваат. Со среќа и со лесно, без паники и грижа
Тоа не можам да ти одговорам, сепак си е ваша одлука - твоја и на таткото, но ете кажав кои се тестовите што ми беа во финале - Qualified и Panorama. Прочитај деновиве и одлучи, горе доле сите истите работи ги испитуваат, но ваше е да си одберете. Ако зачувувате и матични клетки, некои лаборатории имаат пакети со промотивни цени за тестот + матични клетки.
Прво жал ми е Ја никого немам намера да бранам ама ваков неинвазивен тест не треба да е конечна одлука за дали треба абортус или не. Затоа е СКРИНИНГ тест и затоа се проценува само ризик, не дијагноза. Од мало искуство, само со амниоцентеза се прави дијагностика за хромозомопатии и тоа самиот доктор го препорачува ако се испостави дека има висок ризик на НИПТ. Не знам дали било ова направено ама сакам да кажам, треба секоја трудница да ги знае овие работи за тестот, особено докторот да знае и да ја информира. Затоа фала богу не ги обвинувам пациентите.
Veritas My Prenetal пренетален тест,дали некој досег има правено,и какви искуства имате.Лани панорама правев,ама сега нешто Сашка се испонаша па ме интересира искуства
Апсолутно си во право. Резултатот бил дека е висок ризик, а и се знае дека се со 99% точност. После ова треба да се прави амнио за да е сигурен човек. Меѓутоа од кај нив сум слушнала лоши/неточни резултати, од другите не, затоа кажав.
На сите тестови си пишува од која недела се прават, мислам дека повеќето се од 10та недела. Ние правевме верифи и тој може да се прави со полна 10та недела
Што ако резултатот од панорамата излезе дека има хромозомски деформсции или пак дека нема? Дали секако се прави амниоцемтеза?
Ако не дај Боже излезе некој наод за хромозомска неисправност, мора да се направи инванзивна метода хорион биопсија, до 14та недела или амниоцинтеза, мислам најрано 18та недела.
Женски, сакам да ве консултирам нешто. Планирам да правам пренатален тест, но од толку опции и лабаратории сум навистина збунета кој тест да го направам. Кој според вас е најдобар и сеопфатен? И кога е најсоодветно да де направи? Имав до сега само еден преглед 5-та недела сум и матичниот ми препорача во 9-та недела praena тест да направам, Nipt basic plus, чиј застапник е Генеа. Што мислите за нив, имате ли искуство? Секој ваш совет е добродојден!