Јас правев cento Nipt Vo Genea преку крв се испитуваат нели 21 хромозом плус одредува и пол на бебе, даваат можност за плаќање на рати резултатите стигнаа за 1недела.Океј се коректни,немам замерки.
Совет од Димчев да не се брза со пренатален во 9-10 недела. Според него прво скрининг, па после пренатален. Јас така направив. Денес скрининг, утре ми земаа крв.
Димчев така препорачува од причина што се многу скапи, ми вика имал случаи со направен пренатален во 9-10 недела, во 13 на скрининг нема срцева акција.
Од друга страна, можеби е подобро порано, бидејќи ако не дај Боже има нешто, од 11 до 14 та се прави хорион биопсија, инванзивна метода со земање примерок од плацента и ако пациентката одлучи да ја прекине бременоста може да се заврши се на помалку трауматичен начин отколку да се чека амниоцинтеза која се прави мислам покасно, 17та, 18та, кога веќе бременоста е поодмината и бебе тогаш се раѓа. Малку црна хроника ми е муабетов, но нека стои како дискусија и нешто што може да се поразговара со докторите; од тоа што имам истражувано, според податоците амниоцинтеза е сепак со одреден мал % на поголема точност, пример ако е хорион биопсија 99.5% точна, амниоцинтеза 100%.