Направи на друго место, нека ти ги вратат парите, многу членки тука имале сличен проблем. Како помина на прв скрининг?
Po koi metodi se rabotat prenatalnite testovi site li se isti ili se razlikuvaat vo toa pole na kakvi mashini/metodi se rabotat? Sakav da go pravam na Avicena Vetagene gledam dosta opfakja
Здраво, пишувам и тука за мислење пошто сум на мака. Бремена сум со близнаци двојајчани, прв скрининг правен кај Димчев, рече дека се е во ред. Правен НИПТ Qualified 180, резултати во ред. На рутинска контрола во 17та се појавува дилатиран десен бубрег кај девојчето, пак кај Димчев, вика може да се повлече а во најлош случај да го изгуби бубрегот. Во 18та недела фаќам настинка и одам кај матичната, ги гледа бебињата и покрај бубрегот има нешто и на срценцето, то биле два софт маркери за Даун. Јас избезумена сум од тогаш, кај Димчев сум дури на 2 недели, а кај Котларова второ мислење дури 19ти август има термин
Мислам да имало нешто и Димчев ќе видел, кај него нема утка. А и нипт ќе покажел ако е даун. Види кај Корнелија во Систина може ќе има побрзо термин и она е добра за скрининзи.
Не верувам пренатален да не покаже даун плус на првиот скриниг ќе се забележело по мерките, Димчев е мн искусен по цели денови тоа прави. Имам братучетка што детето и беше со дилатиран бубрег, се породи и чека да дојде до возрадр од 3-4 години за некоја операција ама не знам точно детали, ми рече рутинска ја правеле и се да си биде добро понатака кроз животот Оди на уште мислења нека ѕирне и Гордана Петровска, ептен е женава искусна исто … еден куп трудници гледала низ годиниве, мене ми правеше втор скрининг ептен детална
Девојки, што мислите за пренатален во Bio Save? Дали некоја скоро има правено пренатален таму и дали е задоволна? Гледам дека ги прават Qualified тестовите.
На 12та недела ехото, каде што мери органи, проверува убаво све. Се мери нухална транслуценца тоа е исто голем показател за даун, едварс и др срцеви проблеми.
Скрининг е едно, панорама е друго. Рана фетална морфологија не може да се види на Панорама. Структура на срце, екстремитети и мозок и други органи, всушност темелна проверка на плодот во најрана фаза.
Требало незнам зошто тоа го препорачуваат, сите скрининзи ги правев и тоа дупло, ми следеше на гак државно бесплатно и идев на приватно плус. Правев и панорама и приска. Искрено ниедно испитување не скокнав. Немој понатака да оставаш све што треба прави си, остај тоа не треба скриен шеќер, буквално све направи.
Башка и близначка бременост,како без скрининзи? Некои работи што мора, мора брз разлика на пари. Не знам која недела си,ама да појдеш и на скрининг.
Да не си пресколнала приска тестот преку крв? Скрининг преглед не знам некој да прескокнал, само изгледа како обичен преглед па може си се збунила.
Мислам дека можда е недоразбирање овде, невозможно е да прескокнеш прв скрининг, обавезен е. Инаку сакам да кажам дека сум задоволна од Биотек за генезис плус НИПТ, доста солиден тим ги работи тестовите. Резултати за 5-7 дена.