Ви благодарам на одговорите @EnaEnA30 @MysticAura До сега искрено од Bio Save за Qualified тестот и самата процедура најдобро објаснување имам добиено, а и на форумов читам дека генерално искуствата се позитивни. За Панорама исто прашавме во Систина, и таму го прават, ама некаде прочитав искуство од членка на форумов дека не и ги вратиле парите од Систина откако резултатот излегол невалиден. Исто така прочитав дека многу членки добиле сличен резултат (без резултат) од панорамата. Во Систина денес ми кажаа дека доколку излезе резултат со висок ризик од нив следува бесплатна инвазивна процедура (амниоцентеза) за дополнително испитување на резултатот. Ама па ова погоре што го прочитав за панорамата повторно ме одвраќа