Gi znaete li cenite od genetskive lab. niz drzavava ? Kolku e vo sistina, biotek, avicena, itn itn... ? Dali treba da imam popust za Nifty ako se poragjam vo Sistina?
Има цени на сајтовите на Авицена и на Биотек и цените се во зависност од тестот кој ќе го одбереш бидејќи има повеќе видови што покриваат различни работи. Во Систина немаат јавно објавено, но едниот е 600 еур, другиот 700. Попуст не верувам дека има, ама прашај си.
Draga, denes go pravev, ima razni varijanti ima od 30 000 denari se do 50 000. Najnovo sto go priklucivaat e extended panorama i horizon testiranja vo paket odat 108,500 denari.
Не знам дали само мене глупости ми текнуваат, иззгледа ми требаат занимации. Ај ќе кажете Значи на ехо пред неколку дена бев, пренатален треба за неколку дена да правам. И од кај да знам дека се е во ред? 10та недела сум. Прават ехо пред пренатален? Што ако имам missed...недај боже нели, ама до 13та недела нели спаѓа во ризична бременост може и да не знаеш ако се случило нешто ... Некој да ме просветли со комон сенс Пс: Чат Џпт вика Обично самата клиника прави ултразвук пред НИПТ верувам кај нас такво нешто не постои
Освен ако сама не отидеш на ехо не ти прават пред пренатален. И јас бев со истите мисли, само мене ми траеја цела бременост
Морам под итно занимација да најдам Ама од друга страна толку пари ни зимаат треба да си имаат ехо им е гајле
Не си само ти, еве и јас исто. Со второто дете правев прво скрининг па пренатален . Сега си викам што ако пренаталниот е ок а излезе на скринингот некој проблем?! Планирам дента пред пренаталниот да одам на ехо за секој случај
Матичниот кога ве закажа на преглед? Мислам на секоја жена истите мисли и се вртат. Јас исто се плашев, а и не е малку пари. Затоа во петок бев на преглед кај матичната, па понеделник крв за пренатален. Ова во 11та недела.
Јас не одам на матичен само на приватно. Ама докторката ќе ми биде на одмор па си викам ќе мора кај матичната едно ехо. И јас ќе бидам 11 недела за пренаталниот
А зошто брзате за пренаталниот кога може да се направи било кога после 9-10та недела? Јас го направив дури во 14та и каде и да се јавив да прашам за инфо, никој не ми рече ааа не може доцна е. Не знам дали знаете ама дел од оние синдроми кои ги испитуваат пренаталните (особено оние подеталните тестови кои воедно се и многу поскапи) може да се видат и на скрининг, а дел од тие најтешките мутации и микроделеции кои исто така се вклучени во најскапите пакети се толку тешки што плодот најчесто не издржува повеке од 10-12 недела односно бременостите завршуваат со спонтан или угинување на плодот до прво тромесечие. Првите три месеци се највитални за развој на плодот и најдобро е да се почека да се развијат највиталните функции пред да се направи пренаталниот. И дури и пренатален да ви извади дека има некој синдром или висок ризик, пак ќе треба да чекате до 16та недела за амниоцентеза за да се потврди или отфрли резултатот. А сега клиниките буквално како да се натпреваруваат која ќе извади тест што се прави порано и што покрива и што треба и што не треба, а дел од тие работи буквално нема потреба да се испитуваат и преплаќаат заради тоа што го пишав погоре. Ама тоа е моќта на добриот маркетинг. Добар гинеколог што не зема процент и нема никаков профит од тоа да ве прати на пренатален никогаш нема да ве прати пред прв скрининг.
Истото и јас го мислам. Само матичнава ме збуни што ми рече 10та не ми ни сугерираше ништо па така знам дека бенефит нема. И мене ми е тоа зборот ако недај боже нешто пак треба амино да се чека. Не знам што ме запнаа можеш можеш..знам дека можам ама која е поентата
Истерај си го прво скринингот, дај Боже се нека си биде во ред и после ќе си одлучиш каде да направиш. Секако нема ништо да смени и да го направиш пред тоа.
Јас прво правев Приска на државна, некои вредности ми беа покачени (веројатно заради години демек над 30), пак беше low risk ама за посигурно правев отпосле пренатален, на скрининг сè си беше во ред. Инаку мислам дека сè е за пари да ти земат ама ајде дека прво ми е па да не ми е во мисла. Фала богу и сега е во ред сè во втор триместар.
Имам пишано и претходно, препорака од Димчев е прво прв скрининг па после пренатален. Он вика мн.се скапи, а имал случаи во кои пренаталниот е супер, а на скрининг нема срцева акција. Плус волку рано може да нема доволно днк.