Кај другарка прв скрининг, нифти, сите прегледи супер. На 2 скрининг испадна агенезија на дијафрагма..
Има доста генетски заболувања што пренаталните не ги покриваат, бидејќи се мн ретки. Исто така и вродени аномалии на органи (срце, мозок, бубрези) кои не се генетски предизвикани, а кои можат да се видат дури на втор скрининг или понатаму. Ретко е ама во последниов период имаше неколку такви искуства на форумов за жал.
И во мојот случај пренаталниот беше одличен, прв скрининг исто, но на втор скрининг не испадна така. Немам намера да ширам паника, само ете да кажам дека многу се важни прегледите и да не се пропуштаат врз основа на нипт тестовите.
Јас од тоа и се плашам. Со првата бременост пред децава, на втор скрининг плодот имаше тешка анимација и морав да ја прекинам бременоста. Тогаш сеуште немаше пренатални тестови.Пренаталниот открива само хромозомски аномалии.Ама со Господ напред, нека ги чува сите бебиња
Многу се тажни овие теми, ама неможеме да контролираме ништо. Ти го разбирам стравот, да се надеваме дека овој пат сѐ ќе биде во ред.
И кај мене беше добар тестот на трисомии и прв скрининг а на втор многу работи ми изнакажаа.. чекам резултати од амнио и кариотип и можни мутации од мене и сопругот. Ако некоја од вас се одлучила или била приморана за прекин на бременоста нека ми пише порака сакам малку да поразговарам на оваа тема претешки одлуки
Ќе ти пишам сега. Ако нешто е за утеха, после прекинот имам две живи и здрави дечиња, сега бремена со трето.
Дали знаете која е цената на Panorama Advanced во Систина? На телефон ми кажаа дека имаат два пакети, еден 600евра друг 700евра, ама девојката не знаеше кој пакет како се вика Генерално, дали е различна цената на тестот во Систина, Ферти и директно преку Геномикс?
На 11+2 бев на преглед све беше ок и од таму отидов на панорама, на 12+2 правев голем скрининг.Резултати стигнаа на 12+6 све супер, правев најголем пакет панорама. Е сега све е до размислувањата, смени ги и не мисли такви работи. Викаат какав ти е ум, такав ти е живот. Ниеднаш не помислив дека дете ќе изгубам, а тешка бременост имав е кој ме следел знае. Значи мисли само позитивно и све ќе биде така. Иди на сите прегледи не прекокнувај, прави си редовни контроли, крв, брисеви. За све да може да се делува навремено. Се прават до 13тс недела, во случај да не е добар пренатален да се прекине бременост и да се рагира, ама не се никаква гаранција.
Ризикот е кога ќе видиш не само до 13 недела и понатака ако размислиш.Јас предходната бременост правев Нифту тест се беше ок па ми прсна водењакот 19 недела и го изгубив бебето.Оваа бременост направив нифту тест 10 недела а се породив 26.Така да и да те гледаат на ехо пред тестот не ти дава гаранција дека понатака не постоии ризик во бременоста.Затоа опуштено и не му ја мисли многу сама одлучи си кој тест и дали ќе го правиш.