Имам препорака од матичен гинеколог за правење на пренатален тест, конкретно тој што бил basic - за даунов синдром, заради задебелена вратна бразда. Не ми препорача лабораторија, само да бил амерички, швајцарски или германски, да не бил полски. Да замолам за помош, кај се правеле што сте правеле?
Ако правиш јас би ти препорачала да правиш од пошироките пакети, за секој случај да не пропуштиш нешто. Панорама тестот се испраќа во Америка, Гинекаликс ги прават кај нас, Qualified тестот и тестот од Био стем лабораторија мислам се испраќаат во Италија, понатаму има и од другиве лаборатории како авицена итн., прочитај страници наназад на темава ќе најдеш многу информации.
Сте правеле таков тест заради задебелена вратна бразда околу 2.4? Имам ли надеж да се надевам на добри резултати?
Надеж секогаш има, единствено што треба да бидеш спремна на сѐ. Ако се покаже нешто на пренаталниот тест, ќе те испратат на амниоцентеза, за 100% да се потврди. Инаку треба да знаеш дека пренаталниот не е 100% точен и во случај на добри и во случај на лоши резултати. Ако сакаш 100% потврда, само инванзивна метода како хорион биопсија или амниоцентеза.
Дали вратна бразда е исто со Nuchal Translucency (NT)? Ако е истото, викаат дека до 3мм е нормален резултат. Така да, пробај да не се секираш и да си создаваш стресови пред време.
Да, таа е. затоа закажав второ мислење кај Корнелија Систина. Само да го исконтролирам стресот дотогаш
На право место си. Во Систина имаат прекрасна генетичарка, др. Маринела. Ако било што понатаму треба ќе ги добиеш вистинските насоки и за пренатален и сл.
2.4 не е задебелена туку би требало да е во граници на нормала. Пренатален тест е убаво да си направиш ако си финансиски во можност без разлика на вредноста. Бидејќи имав сличен случај, со вредност над 3, може е добро да си побараш уште едно мислење, државно или приватно кај доктор што прави скрининзи да направи уште едно мерење и да те посоветува. Бидејќи само тоа го пиша, претпоставувам дека сите други параметри се во ред. Инаку јас бев кај Димчев расплакана цела и ми рече дека не е тоа проста математика и дека породил жена со 6 со здраво право дете. Ако вистина е покачена, а се деуго е во ред, ќе се следи почесто.
2 параметри се добри - желудник и проток, ама и носна коска не успеа да види заради недобар пресек. Ќе одам на второ секако
Во тој случај обавезно на второ мислење. Опциите во овој период се пренатален и јас правев дополнително и хорионбиопсија, инвазивна метода е тоа за жал, но дијагностичка метода е, а не скрининг. Ти посакувам се’ да е во ред.