Неинвазивни пренатални тестови

Дискусија во 'Бременост' започната од svetkicka, 14 мај 2015.

  1. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Што точно испитуваше со хорион биопсијата и каде ја правеше анализата?
    Дали само кариотип на плодот или и нешто друго? За колку дена имаше резултати?
     
  2. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Заради истите ли параметри? Каков беше резултатот?
     
  3. ElenaLizzie

    ElenaLizzie Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Во Систина, во паника бевме и некако немавме простор за размислување, нити ни беше убаво објаснето, на трчање и конфузно. За еден ден резултати, испитуваат број и структура на хромозоми. Кога прашував што точно испитуваат, ми викаа се’ испитуваме. Ок, не можете се’ да испитате во никој случај, ама нема врска. Остана на тоа, мислам дека покрива истото што и пренатален и ништо повеќе.

    Покачена нухална над 3 кај мене. Сите други параметри беа ок. После други двајца доктори кои ги консултирав ми кажаа други мерки и ми рекоа дека не е покачена и дека е во граници на нормала, дека мерењата не биле добри од првата докторка. Ама џабе, стравот си остана, и бубачката, буквално низ хорор поминавме, пошто од секаде различни мислења и хаос настана. Сите скрининзи после тоа беа добри. Пиши ми баш што ќе ти кажат.
     
    На H.VAGA, Lovebug01 и simpleewa им се допаѓа ова.
  4. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Задебелена нухална виде и Корнелија, 2.8 скоро. За носна коска рече дека најверојатно гледа точка што асоцира на коска, ама не се местеше никако плодот, пола саат гледаше. Другите два параметри - проток и желудник се добри.
    Ми кажа за биопсијата, ама рече дека предлага прво пренатален, па ако е тој позитивен биопсија или амниоцинтеза, што следела као бесплатно, односно доаѓала во пакет со позитивен пренатален. Единствено што се чека 10 дена со пренатален, а со биопсијата за 2 дена знаеш.
    Биопсијата кај тебе испадна во ред? Се уште си бремена? Драго ми е дека сите други скрининзи биле добри, ми даваш голема надеж.
    Страв, паника, лоши мисли, немам коментар за денов. Сакам позитивно да мислам, ама-ама.
     
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да не се мислиш и да не се плашиш, да си направиш хорион биопсија и одма ќе знаеш на што си. За пренатален ќе чекаш резултати 1 недела и ако испадне висок ризик секако ќе мораш да правиш хорион биопсија (која се прави до 14 недела најдоцна) или да чекаш 17та за амнио. Ако не дај Боже не се добри резултатите и треба да прекинуваш бременост, подобро сега додека си прв триместар него втор. Ти посакувам да испадне сѐ во ред :hug:
     
    На BubamaraM и simpleewa им се допаѓа ова.
  6. ElenaLizzie

    ElenaLizzie Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    И кариотип и пренатален беа ок, знам точно како ти е. Уште сум бремена да, на крај, ама цела бременост со стресови и мислам дека цел живот како стрес ќе ми седи и понатаму. Тешки одлуки се, не знаеш што да правиш, ние одлучивме да го задржиме и да веруваме на докторите кои не убедува дека е во ред. Направи пренатален како што ти предлагаат или хорионбиопсија, но прво размисли што со позитивен и што со негативен резултат понатаму. Корнелија вика ако пренаталниот е ок, тоа е тоа?

    Едит: @Lovebug01 даде добар совет, мислам дека тука е цената за двете а хорионбиопсија е посигурна.
     
    На Lovebug01 и simpleewa им се допаѓа ова.
  7. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на поддршката. Да, ќе размислам уште еднаш
     
  8. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Цената е таа, 600-700 пренатален, зависи кој и 730 хорионбиопсија. Ама демек заради ризикот од 1:1000 за абортус, и заради дел од параметрите што се добри - предлага пренатален. Е после резултатот со пренатален, зависи каков е, може и ќе одиме со амнио во 16та, бидејќи сепак давал као најточни параметри.
     
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    @simpleewa Кога бев бремена со второто бев активна тука на форумов и имаше една членка исто бремена со нухална над 4. Направи пренатален испадна ок, си имаше нормална бременост и роди здраво дете. Што е доказ дека измерената вредност не значи автоматски дека не е нешто во ред.
    Ама искрено да сум на твое место веднаш би направила хорион биопсија, знам дека се стресови и имам низ истото поминато и тоа два пати, но многу е постресно е да чекаш резултати со недели
     
    На Anastasia579, HappyMom86, simpleewa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    1.377
    100% согласна со @Lovebug01

    Прекинот на бременост во било кој триместар е тежок, ама ако веќе одлучиш да ги правиш тестовите, скрати си стресови и оди на хорион. Сепак, полесно е да прекинеш во прв отколку во втор, или недај боже ко мене во трет триместар.
     
    На ElenaLizzie, simpleewa и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    @simpleewa И уште ова да додадам, иако хорионбиопсијата е инвазивна процедура, шансата да се случи спонтан е минимална кога ја изведува обучен доктор, а во терциерно здравство сите се обучени добро. Јас правев амниоцентеза на ГАК и дојде да боцка докторка за која немав ни чуено, баш ја пребарував тука на форумот не е ни спомната некаде, па поминав супер после постапката, единствено само што многу чекав додека ме боцнаа, инаку е буквално 2 минути работа
     
    На simpleewa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Девојки, жени, фала ви за сите зборови!
    Имам и јас еден индуциран абортус во 16та недела, пукнат водењак. Тоа беше орвата бременост па втора успешна и еве сега оваа. Изгледа нема раат, нема крај
    Ќе зборувам пак со Корнелија денес, ќе видиме што ќе одлучиме. Сакам да размислувам позитивно
     
    На BubamaraM му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.250
    Допаѓања:
    8.614
    Пол:
    Женски
    Каде правевте нифти? Прави ли разлика дали е во Авицена, Гинекаликс, Qualified?

    Гледам има и различни пакети со различни цени, со дополнителни работи што се испитуваат па не знам за каде да се решам.

    Искуства и препораки?
     
  14. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    3.697
    Пол:
    Женски
    Има, сите три користат различни методи на обработка на примероците и толкување на реултатите и дел ги праќаат во странство а дел се изработуваат тука. И како што напиша сите три покриваат различни работи. Мислам дека во темава има и повеќе од доволно дискусија за секој еден од овие тестови што ги спомна па ако се расчиташ наназад ќе добиеш појасна претстава што е разликата помеѓу секој, освен цената.
     
  15. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    163
    Дали тие што сте правеле тест во Биосејв, ви препорачаа конкретен тип? Мене ми ја препорача поефтината варијанта па се зачудив…
     
  16. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    3.697
    Пол:
    Женски
    И јас кога прашував ми ја препорачаа поефтината варијанта. Реално ако немаш никакви индикации и особено ако го правиш малку подоцна (после првиот скрининг) немаш потреба за поскапите варијанти. Докторот дури и објаснува зошто немаш потреба од поскапиот. За тоа се скроз коректни.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DejziSk

    DejziSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Sto odluci milicka? Te citav pa mi ostana vo misla. Se nadevam se e vo najdobar red.
     
    На simpleewa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Здраво екипа, вчера стигнаа резултатите од нипт тестот, се е low risk. Сега треба да се следи ултразвучно на редовни контроли, колку е што е. Многу долги и тешки денови беа овие за чекање, ама силни сме ние жените, можеме. фала на мисла на сите
     
    На Anastasia579, H.VAGA, DejziSk и 4 други им се допаѓа ова.