Здраво. Дали некој од вас имал искуство приватното здравствено осигурување да му го покрие трошокот за пренаталниот тест?
Зависи какво ти е. Јас претходно имав од Халк и таму има прегледи во бременост и посебно сума за породување. Уника има вкупна сума за породување и бременост, за што сакаш користи ја во бременост. Јас покрив пренатален, тримесечен шеќер лабораторија, прегледи и скрининзи и за приватно породување ништо не ми остана. Ама да, ми го покрија тестот.
Девојки кажете ми искуства со тестовиве? Нешто што прочитав е дека добро е да бидат со илумина технологија? Но кои се и каде се можат да се направат? Доколку некоја има и инфо. околу цените би било супер
Кај нас Panorama, Verifi и Qualified се од тој тип колку што јас сум информирана. За цени и каде се прават има прилично доста дискусија на темава. Ако се вратиш наназад ќе прочиташ за сите има коментари и мислења.
Дали некој има тазе искуство со Гинексликс и Нифти Про тестот? Читав многу позитивни и негативни искуства, ама од пред 4-5 години. Каква е сега состојбата? Имам 32 години без ризични индикации ама самоиницијативно сакам да направам пренатален тест со оглед на тоа што првата бременост ми беше blighted ovum. Би ве замолила за препораки за најсеопфатен веродостоен тест?
И јас би сакала повеќе инфо. Читам назад по темава ама не можам да дојдам до закчучок и да се одлучам каде би иако има сеуште време .
Од она што имам споредувано, најсеопфатен е во Гинекаликс. Меѓутоа имаше доста членки на форумов со грешни или сомнителни резултати, баш од тој тест, од другите не сум прочитала. Панорама, Qualified и Verify се прават со Илумина технологија која го има патентирано нипт и примероците се праќаат и обработуваат во странство. Има различни пакети од тие тестови со различна цена според тоа што опфаќа тестот. А Гинекаликс работаат со некоја кинеска технологија и ги обработуваат примероците тука кај нас. Не знам искрено еве и јас за мене да е, не знам за кој би се одлучила. Два пати имам правено Нифти, еднаш Панорама. Кај мене резултатите беа точни, само што еднаш се случи немаше доволно фетална фракција на резултатот од Нифти, па ме пребоцкуваа пак. Затоа најдобро е 11+ недела да се направи кој и да е тест, за да се издвои доволно фетална фракција, особено ако примате клексани.
Дали го препорачувате VeraCity од Авицена со оглед на тоа што е можеби најефтина опција моментално во Македонија? @US.ER.1 @Marijaaa001 Пред неколку години правев во Гинекаликс, резултати имав за 9-10 дена и општо бев задоволна. Ама сега им е поткачена цената за некои 40-50 евра, а и секако не ми одговара дури и да би била старата, затоа барам поефтина опција. Ми зедоа крв во точно 10та недела се сеќавам. Немам индикации да го правам тестот, го правев самоиницијативно. Планирам и со вторава бременост, ама морам за брзо да се одлучам. Предложете ако имате некоја помалку скапа опција од која што сте задоволни.
Сосема истата дилема ја имам, прва бременост правев во Гинекалис, меѓутоа не бев многу задоволна од односот и од брзината на резултатите, сега размислувам за VeraCity од Авицена..
Јас сепак се одлучив за Панорама. Преку ДХЛ се испраќа примерокот во Калифорнија. Со докторот (да не го именувам-а истражувајќи на нет сега дознав и дека го држи Гинекаликс) имав непријатно искуство, да не речам утка на дијагноза при што без потреба ќе завршев под нож. Не сакам ни да помислам какви сѐ не утки може да се направат при анализиве.
Јас скоро правев во Гинекаликс нифти, и сум задоволна резултатите ми стигнаа за 7 работни дена. Го одбрав заради тоа што има повеќе опфатен дел.
Искуство со Qualified? Мојот матичен ми го препорача овој тест, бидејќи е со илумина технологија. Ваши искуства ? Каде се зема крв ? кој паккет?
Јас го правев VeraCity во Авицена, најефтина опција ми беше а и д-р кога ме виде на ехо пред да го правам рече се е ок дека не гледа нешто загрижувачко. Резултатите стигнаа за една недела, ми се јавија прво телефонски да ми кажат дека се е во ред фала богу а потоа и на e-mail ми ги пратија.
Девојки, од каде ви земаа крв од БиоСејв а каде од Гинекалилс? Дали беше по овие големиве лаборатории биотек авицена или локално негде?
Јас правев пред некој месец во биосејв, втора бременост исто кај нив. Првиот пат пред 3 години, ме прашаа кај живеам во Скопје, дојдоа до најблиската лабораторија (конкретно Ааеродром). Тогаш правев поскапа опција на тест, ама отидов до нивна канцеларија лично да си го земам зошто сакав gender reveal да дадам на слаткара. сега пред месев ипол, ме боцкаа во поликлиника роза(мислам беше така), карши нивната канцеларија. Овој пат ми поставија повеќе прашања и ме советуваа за поефтина варијанта на тест. јас сум презадоволна, девојките вработени се префини, детално објаснуваат секоја опција шро значи. кај мене тестот каснеше еден ден, односно за 8 дена го добив резултатот. Искрена препорака за нив