zdravo zenski, tie sto ste pravele Qualified 360 vo Bio Save, za kolku dena ste imale rezultati? pominaa 8 dena od zemanje na krv uste nema nisto
Можеби веќе си направила ама јас да пишам, правев во Жан Митрев, го правев најопширниот тест, добив и попуст. Закажав два дена претходно, ми се јавија за 5 работни дена (сабота). Вработените беа многу љубезни.
Многу брзо за 4-5 дена ми јавија дури се изненадив. Барај ги, иако може сега имало поголема гужва па затоа
Здраво мешенца, јас закажав скрининг за во понеделник во Ремедика, а пошто петок ќе одам кај матичната на преглед одма после прегледот закажав за Нипт. Што мислите да не избрзав, да не требаше да го направам прво скринингот??
Здраво, дали некој има искуство со НИПТ во Авицена? По ново, тестирањата во Систина се всушност тестовите на Авицена
Дечки дали некој се има боцкано во 10+3 недела? Ќе правам Панорама, па се сѐ мислам да не е рано…кога се јавив ми рекоа дека тестот може да се прави уште од 9 недела.
Здраво, first time mom тука, јас закажав прв скрининг во Ремедика исто и 2 дена потоа пренатален ќе правам. Не знам дали е така правилно, некако мене повеќе ми имаше смисла.
Јас правев во 10+3, но излезе дека нема доволно фетална фракција, па повторно ќе го правам. Примав клексани до тој момент, не знам дали има влијание. Како што разбирам, сепак е индивидуално.
И јас сум со клексани, секоја вечер во 20:00 часот се боцкам и баш ги прашав ми рекоа дека клексанот не влијаел никако. Ништо ќе си пробам па ќе видиме
И јас така планирав ии докторката Афродита истото ми го кажа, арно ама овие од Биосејв на телефонот кога се јавив ептен се испраксирани да продадат и автоматскии ми закажаа, дури да се сетам јас толку беше.. А се јавив само да прашам за опции и да одлучам кај кој ќе го правам.. Сега само се надевам дека со бебушката се ќе е како што треба и дека нема за џабее да ги давам парите..
Гинекаликс е жива катастрофа. Ај шо те крадат ај шо те лажат со се и сешто на крај те праќаат во некоја нивна ординација Мон Бебе а таму уште поголема катастрофа...Кај им се очите на инспекциите, институциите не ми е јасно. Не се лажете девојки и мајки да одете таму. Жива превара!
Незнам може ти се погодило јас поминав ужасно, па морав да го повторам во друга лабораторија каде што сум презадоволна и фала богу се излезе во ред тоа е во Санте новата лабораторија кај Сити мол и со цени се најефтини а се работи во Шпанија не се плаќа ни за транспорт.Овие Биотек и Авицена веќе само името (брендот) им го плаќаме пораснаа со цени колку што не треба.