Zdravo devojki , nekoja sto praela qualified testot pobrzo da mi kazit iskustva , cena i za kolku vreme dobile rezultati?
Јас правев пред 2 месеци, во 10+4 г.н. Го одбрав најскапиот пакет 790евра, резултати имав за 6 дена. Јас сум задоволна од целосната нивна услуга
Правев во Март, во 11 недела , 790€. Петок ме боцнаа, наредниот четврток (околу 4 часот) имав резултат на маил.
Кој паќет тест го имате направено од Bio save,и дали го имате на паќетот додадено плус ипитувањето за спинална мускулна атрофија и цистична фиброза?
Испитувањата за мускулна агрофија и цистична фиброза според мене немаш потреба да ги правиш и да ги преплаќаш освен ако немаш семејна историја на такви болести.
Не знам дали се променило нешто во меѓувреме, но мене ми кажаа пред 12та недела ако дадеш депизит, а јас уплатив во 11 недела и немаше проблем. Исто, затоа што и мене ми изгледаше премногу рано, прашав што во случај на “не дај боже”, ми кажаа дека депозитот се враќа тогаш.
Пред 5 дена направен скрининг ( 12+ 3) и се е во ред. На истиот ден е земен примерок за пренатален тест од Биотек. Денес ми се јавија дека нема доволно фетална фракција и дека ќе треба да се повтори тестот. Дали имам причина за паника ?
Не се плаши ,со првото дете и во 20 недела ,немаше доволно днк.Па на крај си родив здраво право бебуле.Се установи дека е од двата клексана што ги примав секој ден,а никако не сакав да ги прекинам пред да ми земат крв.
Да е здраво и живо Не примам клексани. И мене сега ми е прва бременост па се е ново и непознато и ми прави паника.
Девојки напраив тест Qualified 360 во петокот и оној преставникот ми рече одма од тука одам аеродром да е оставам примерокот, сначи би требало петок да стигнал Италиа. Е сега сакав да ве прашам вие што праевте скоро кај нив кога би имала резултати ? Прашувам дека и кај нив овој петок 1-ви мај е неработен и ваљда ке ма фатит пак викенд без резултати
Јас си го следев преку дхл прашај го претставникот , точно знаев каде е и кога стигнал Мислам дека ми го јавија бројчето на дхл пратката и на нивната страна следев. И како кажаа така искочи за резултати петок накај 18,19 ч ми се јавија кога најмалку очекував си велев викенд не ќе се замараат
Дали некоја го правела Genesis Plus пакетот од Биотек, и дали се сретнала со висок ризик за анеуплоидија на полови хромозоми. Да нагласам во резултатите нема напишано одреден бројчан резултат, само со реченица е напишано дека постои висок ризик, сигнал кој е добиен и кој не е возможно да се определи од каде доаѓа - дали од мајката, фетусот или од самата плацента.
Јас правев Genesis Plus пред еден месец, како што разбрав од прочитаното, од извлечената фракција 12% беше од фетусот и сите резултати се однесуваат на него. Дали се јави да прашаш кај нив?