Jas vo dvete prethodni bremenosti praev nifty sega vo 3 qualified, vo globala dvete istite raboti gi ispituvaat ama sum pa mnogu zadovolna od profesionalizmot na Bio save qualified 360
Дали некој што правел пренатален тест плус ипитувањеа на цистична фиброза и муслулна дистригија можеби испаднал позитивен на тестот за цистична фиброза? Мене пренаталниот ми испадна одличен но излезе позитивен на мене цистична фиброза без никаква фамилијарна историја колку што знаеме.
Затоа што пренаталниот гледа хромозомски состојби кај бебето, хронозомски плодот е супер. За цистична фиброза се различни испитувања. Мислам дека треба двата родитела да се тестираат за да се види ризик дали има бебето.
Тоа значи дека ти носиш такви гени за цистична фиброза, а бебето е во ред така? А како се испитува тоа, со некои дополнителни пакети со тестирањето ? Кој тест го правеше? Јас во Биотек, и сите резултати се однесуваа на фетусот, не на мајката.
Правев во биосаве, дополнително ми понудија паќет за мене и излезе без симптоми , семејна историја позитивен тест, следно велат тест на партнерот и доколку е тој позитивен понатамошни испитуавања.. хромозомски плодот е одличен во се и напредок и се е соодветно за неделите но со ова што да правиме малку вест од неубава од ведро небо падна…
Се мислам меѓу Панорама и Нифти во Гинекаликс. Некако претставничката од Геномикс не ми беше убедлива освен што ги извреѓа сите останати тестови, дека се со сомнително потекло. Какви се вашите искуства?
А Qualify опција ти е ? Јас бев презадоволна , од однос комуникација, резултат. Тогаш се јавував секаде , тие Панорама едвај ми вратија некој меил а Нифтито беа баш онака убедливи Лично искуство немам, ама штом тие не ти оставиле добар впечаток панорама , следи си ја интуицијата мама
Quilify го прочитав овде, си велам да не ставам уште опции, генерално се истите мутации итд. Инаку баш коментирав штом се плаќа малце поскапичко бар да има едно тинтрање не е лошо ама Панорама не се позамараа.
Дали некоја членка има искуство со Др. Антони? Треба утре да де слушнам да ми објасни и кој пакет да го земам
99 евра плус на паќетот и сега ќе треба сопругот да се тестира и за него веројатно ќе биде иста цената, малку лоша ситуавција кога веќе го нудат овој паќет треба и двајцата истовремено да се тестираат да не се изложуваме на дополнителен стрес и чекање од 3 недели повторно…
Што толку многу се испитува што се вакви цените во Македонија или и поштенски трошоци има? Јас сум во Германија. За првото дете мислам дека Хармони беше и платив 250 евра. Сега се бесплатни и правев пред некоја недела за три трисомии и пол, тестот беше 225 евра. Прашав кој тест е таа не знаеше да ми каже некоја нова беше. И сега ме зачуди цената, дали во Македонија се испитува нешто повеќе?
Истите тестови се, само кај нас идат со 1000% заработка плус и провизијата е пресметана за докторот што ќе ги препорача
Јас од мислење за Nifty во Гинекаликс, Панорама, па дури и маилови праќав во Грција и Србија на крај се одлучив за Nifty во Авицена (Nifty Pro). 25 години ги користам нивните услуги и решив да им верувам. Во моментов цената е таа затоа што е промотивен период, инаку ќе биде повисока. Не треба закажување, ама кога дојдов на пулт ме спроведоа во посебна просторија, дојде генетичар, одговарав на анкета, ми земаа крв и здравје чекаме. Примерокот се праќа за Хрватска, и земаат и примерок за ХИВ, ХепБ и ХепЦ, во случај на позитивност, не се прави NiftyТо.