1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неинвазивни пренатални тестови

Дискусија во 'Бременост' започната од svetkicka, 14 мај 2015.

  1. MEow123

    MEow123 Нов член

    Се зачлени на:
    3 мај 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Јас правев на 02.05. резултати добив вчера попладне. Резултатите ги праќаат на маил, а пред тоа ви се јавуваат телефонски некои 20 минути пред да ви ги испратат. Јас правев Nifty Plus, од нив сум задоволна на самиот прием беа супер, потоа ти објаснуваат се за тестот и пополнуваш формулари за медицинска историја. Без закажување е, јас отидов сабајлето во 7:15 завршив накај 7:40. Крвта за испитување ја праќаат во Загреб па тоа е некоја теорија дека блиску ја праќаат па можеби затоа цените се пониски. Инаку на првата страна веднаш ти стои полот на детето да си очекуваш :)
    Ако те интересира уште нешто слободно пиши ми :)
     
    На Lenaa__12 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MEow123

    MEow123 Нов член

    Се зачлени на:
    3 мај 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Јас правев на 02.05. резултати добив вчера попладне. Резултатите ги праќаат на маил, а пред тоа ви се јавуваат телефонски некои 20 минути пред да ви ги испратат. Јас правев Nifty Plus, од нив сум задоволна на самиот прием беа супер, потоа ти објаснуваат се за тестот и пополнуваш формулари за медицинска историја. Без закажување е, јас отидов сабајлето во 7:15 завршив накај 7:40. Крвта за испитување ја праќаат во Загреб па тоа е некоја теорија дека блиску ја праќаат па можеби затоа цените се пониски. Инаку на првата страна веднаш ти стои полот на детето да си очекуваш :)
    Ако те интересира уште нешто слободно пиши ми :)
     
    На Lenaa__12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bubcimubci

    bubcimubci Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Хејј, се тестирав на 25/04 а добив рез на 07/05.
     
    На Алек*** му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Алек***

    Алек*** Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.626
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам ептен.
     
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    2.009
    Допаѓања:
    2.283
    Jas sakam da pravam vo avicena,niftu plus sum se konsultirala ne frlajte pari bez potreba , ako imate uredna bremenost mozete sredniot paket da go pravite!
     
    На Malina@ и Lenaa__12 им се допаѓа ова.
  6. Lenaa__12

    Lenaa__12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2024
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Ти пишав во лп
     
  7. BabyGirl92

    BabyGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас правев Nifty Basic во Авицена на 05.05 и еве чекам резултатите да стигнат.

    Тестот е NIPT by GenePlanet кои што се словенечка биотехнолошка компанија што се занимава со генетски тестирања и главната лабораторија за NIPT анализи се наоѓа во Загреб.

    Мојот матичен гинеколог ми рече дека сосема е доволен basic пакетот кој што и она лично за второто дете го правела.
    Пакетите Plus и Pro содржат премногу дополнителни анализи за кои и да има некое позитивно, бременост секако не се прекинувала за тие и ми рече да не си ги фрламе парите.

    Од услугата во Авицена сум задоволна. На шалтер кажав за кој пакет сум заинтересирана, ме пратија во посебна просторија каде што генетичар ми направи анкета за здравствена историја и ми зема крв. Стигнав во 8:20, некаде 8:40 бев готова. Закажување не е потребно и нема чекање редици со обичните крвни анализи.


     
    На Lenaa__12 и Malina@ им се допаѓа ова.
  8. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    9.650
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека не се прекинува бременост ако има нешто што се испитува со тие plus и pro и дека се фрлени пари. Поготово половите анеуплоидии кои скоро никогаш не даваат никакви знаци на ехо и на скрининзи, бидејќи проблемите се други, но во секој случај не се воопшто наивни.
    За плус неколку илјадарки барем мирна глава, мој совет земајте си проширени пакети.
     
    На Aschenputtel, Carpe Diem New, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. BabyGirl92

    BabyGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Види, тоа мојата матична го кажа. Колку мирна глава, толку може и безпотребна паника да направат. Не зборам конкретно за полови анеуплодии, туку за делеции/дупликации кои што проширените пакети ги содржат. За нив точноста е значително помала отколку за Trisomy 21, 18 и 13, понекогаш доаѓаат од плацентата, а не од бебето. Затоа некои гинеколози не препорачуваат проширени панели ако нема фамилијарна историја, ехографски сомнеж или претходен ризик.
     
    На Happy face му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    9.650
    Пол:
    Женски
    Да точно е дека точноста е помала, ама затоа се прави амниоцинтеза после. И дај Боже никогаш на никој да не испадне висок ризик на пренатален, а ако излезе да биде лажно позитивен резултат. И мојот матичен ме убедуваше дека немам потреба за вакви “скапи” тестови зошто ако имало нешто ќе се видело на ехо, го направив на своја иницијатива и испадна висок ризик за кој веројатноста да биде точен резултатот беше 30%. И до крај се надевав дека не сум во тие 30% ама за жал испаднав. Во мојата ситуација немаше никакви знаци за аномалија на ехо и немаше ни да има зошто тој синдром што конкретно испадна кај мене нема физички аномалии.
    Секогаш подобро беспотребна паника, отколку цел живот да си ја “чукаш” главата дека нешто што толку лесно можело да се открие, не се открило.
     
    На flawlessss, Aschenputtel, Feniksgirl и 5 други им се допаѓа ова.