Од друга страна има и многу со близнаци кои примале клексан, и од прва добиле резултат. Незнам, тоа беше моето лошо искуство, ама до крај нема да бидам мирна искрено додека не се родат
Од моето истражување, хармони најмалку испитувања прави, а во цена е ист ко другиве. Велат резултати за 3 дена.
Мене ми кажаа за 3 дена и ми го препорачаа Expert, без микроделеции. А испитуваат само една микроделеција во третиот пакет кој е 50 евра поскап. Колку што читав другите тестови ги имаат сите микроделеции но тие баш со голема точност и не можат да се потврдат. Па демек џабе ќе се оптеретува тестот. И тоа што тврдат дека хепарин/клексан не влијае и брзината на резултатите, кај мене изгледа ќе има улога да се одлучам за Хармони.
Женски ме интересира тие што сте правеле неинвазивен тест во која недела од бременоста го правевте,знам дека може после 10-та ,но дали има врска кога е најдобро?
Најдобро да ти каже докторот кој ти ја води бременоста - во однос на големина на плодот - да е доволно голем за да има доволно негова днк во твојата крв (препорачливо 11-12 недела), а да не е предцна за да не дај Боже ако треба да се реагира. Мене докторот на контрола во 10та недела ми препорача да одам во 12та на почеток. До крај на 12та ги добив резултатите и тогаш го направивме и првиот скрининг. Среќно
Фала ти, јас сум сега 10-та недела и минатата кога бев на контрола др ми рече следнава да го направам ,баш ради тоа ако не дај боже има нешто порано да се реагира,а имам и ваучер со попуст кој мора да го искористам до крај на јуни , што значи во 11 недела ќе го направам.
Девојки здраво, случајно наидов на темата и сакав да се надоврзам дека правев пренатален тест минатата недела и денес ми стигнаа резултатите од Ginekalis платив 670€ со сите испитувања, тестот се прави по 10тата гестациска недела. Матичната ми понуди 3 опции harmony, panorama ili ginekalis се јавив секаде и сите испитувања се исти само на различни места го праќаат примерокот harmony во Германија, ginekalis во хонг конг и panorama vo Kalifornia и зависи кој пакет ќе го одберете разликата во цена е 20 do 30€
Нема логика тестот да е грешен. Се проверува генетски. Ако има грешка на пол, тогаш утнале нешто т.е. измешале резултати