Во Систина го правев првиот скрининг па дента во просторијата за наплата, после шалтерите, уплативме аванс за тестот во Биотик...следни денови се најавив во Биотек, отидов утредента, пополнив формулар околу бременоста, ме боцнаа и тоа беше сè. За некои 4 5 дена ми стигнаа резз на маил, јас не се јавив бидејќи видов дека сè си е во ред, инаку слободно може да разговараш со генетичар во Биотек.
Здраво, дали успеа да добиеш повеќе информации за LabCorp и дали го направи тестот? И мене ми го препорачаа, сеуште се немам јавено за консултација, се мислам што да правам
Здраво, дали успеа да добиеш повеќе информации за LabCorp и дали го направи тестот? И мене ми го препорачаа, сеуште се немам јавено за консултација, се мислам што да правам
Здраво, дали успеа да добиеш повеќе информации за LabCorp и дали го направи тестот? И мене ми го препорачаа, сеуште се немам јавено за консултација, се мислам што да правам
Јас го правев пред 6 месеци, го земав тој најскапиот беше 790 евра. Најдобро да се јавиш да си прашаш кај нив, иако не верувам дека имаат некоја промена во цените од тогаш
Тие што имате уплатено пакет за породување со Nipty во Систина дали потпишувате некаков договор за уплатениот аванс и што се случува со авансот во случај на ,,не дај боже,,
Здраво сакам да споделам свое мислење околу пренаталните. Бременоста ми беше со ин витро постигната, уредна, но до последен ден се мислев дали згрешив што не направив. Доколку не дај боже имаше причина секако веднаш ке правев но при уредна бременост се мислевме бидејки веке со операција, ивф.. бевме финансиски исцрпени. Многу читав околу нив и никако не ја оспорувам нивната точност само сметам дека не во секоја бременост се неопходни. Ми велеа треба да правиш ивф си. Да и? Ин витро но кога се работи за возрасни пациенти, односно постари јајце клетки со помал квалитет, во моментот на зачнување јас имав 28, сопругот 31 година. И сите тие хромозомски анеуплоидии сте ги читале што значат? ( проблеми со јајници, проблем со производство на тестостерон, намалена концентрација при учење/читање и сл.) Причини за кои лично јас не би прекинала бременост. А за трисомија 18 и 13 се толку тешки синдроми што најчесто бременоста трае до 10-12 недела а за даун добар гинеколог ке види и на ехо. Сакам да кажам да не се шири паника на форум дека секоја една мора да прави. Да има бремености каде се неопходни и фала богу што постојат во такви случаеви но има и уредни бремености и со ин витро постигнати. Оваа тема скоро цела ја исчитав, има многу не точни информации од рекла казала, многу паника и не правете го тоа. Не секој има 600-800 еур за тест.
Само да ти кажам дека секој има право на избор, ама баш дека си со инвитро си видела колку е границата поместена и дека веќе премногу луѓе без разлика на годините се борат за дете. Тестов треба да е задолжителен и без пари како секаде во странство, само кај нас е енормни суми. На ехо не се гледаат хромозомски нарушувања, преку крв само се гледа. Ехо се гледаат анатомски аномалии. Дај боже да и текне на државава да вложи малку повеќе во овие работи, зашто е нереална бројката на луѓе што се борат за дете, од 20 години нагоре. Нема потреба од никакви паники, но тестот е одлично нешто за секој кој може да си го дозволи, за жал е вака а треба да е без пари.
Точно и двете сте во право... Но како што пиша @Feniksgirl треба да е бесплатно... Јас правев ради што бев исплашена бидејќи 6години се борев за бебе со два спонтани и на крај да се види дека имам тромбофилија.. Докторот рече ради годините (33) направи ме уплаши ... Од дома велеа ако не е во ред докторот ќе види не брзај јас кај без пари кај стравот избрзсв го направив сега заглавив уште толку нервата ексик... Вакви работи треба да се бесплатни и навистина индикација да има а не сомнеж....
А тек да знаете колку бебиња има со аномалии.... Напрајте си ако имате можност верујте не сакате да бидите од другата страна
Да рековме но понекогаш навистина не можеш финансиски да се решиш бидејќи не е ефтино... Порано немало вакви тестови па еве сме се родиле здрави и прави кај знаеле нашите мајки за НИФТ или ИФВ Што е Бог никој не е.. И знам дека на другата страна е навистина тешко и сосема разбирам ... Да не ме сватите погрешно не сум против ништо меѓутоа знаете во каква држава живееме и дека не секој може да си дозволи
Се слагам Но дали 600 700 евра се побитни од живот со аномалија Ние што немавме можност за ваков тест а сме се изгореле ѕие пари сега не ни значат ништо но вие помладите генерации имате можност И јас сум за да е покриен од државата и секоја трудница да го прави
Ве молам немојте веќе со тие муабети. Нас не родиле во раните 20ти... тоа било друго време и поминало. Не е ништо исто како пред 30-40 год. Аман еднаш веќе да искочиме од тој шаблон
Пред 20, 30,50 години ништо не е исто. Велат многу ген, ахам како да не. Јас низ што поминав со бремености, мајка ми ништо од ова не е. Кој има можност нека прави. До која недела се прави Нифти тест? Нека го направат бесплатно кај нас како секоја нормална држава, секој нема финансии. Искрено јас и да немам ќе земам кредит. Кога се порагав со првото бевме кнап со пари, стан, кола, намештај и отидовме во минус за во приватна да се порагам и не жалам. Сега да рагам фала му на Бога имам доволно и не се мислам за ништо. А и да немам пак ќе одам во минус. Здравјето е најбитно и се што е на време откриено.
Да во ред кредит.. Но дали секој може да земе кредит? Еве вие сте влегле во минус куќа кола намештај.. Еве пд искуство ќе ви кажам дека колку и да е ќе се бориш за здравјето тоа е така меѓутоа јас 6години од кои пет работев до каде не отидов што се не пробав пари се оддадов заглавив многу... На крај приватник каде што работев правам операција на синуси во јануари ме испушта од работа бидејќи сум била во на боледување ( не ми го продолжи договорот) мажот ми не работи... Останувам бремена во Март месец се во минус никој од нас не работи ваму контороли инекции витамини таблети изгор скапо... Кој ќе даде кредит на 4месеци неплаќање на ратите ... Така не е се во кредтит да се земи ... Тоа е ОК за тие што можат... И не е исто како пред 30 години! Во случајов приватна болница не идеше во предвид! Така да како и да речиме најдобро е да се направат бесплатни и секоја мајка да може да си дозволи.
Па тоа и јас сум за бесплатни, а сите што одиме по испитувања и тоа кошта многу. Витамините коштаат не па друго.
ние сме се родиле живи и здрави, има многу што за жал се родиле со синдроми баш од тие причини што не постоеле тестовите и се осудени на многу тежок живот, јас не дај боже мое дете не би осудила да се мачи, нормално дека би го сакала јас какво и да е но тоа нема да има квалитет на живот да не зборувам низ колку операции минуваат често бидејќи имаат и срцеви маани и ред други дијагнози. ако веќе си се нафатил за бебе, дај му најдобри шанси, ако не си спремен тогаш не почнувај додека не си и психички и физички и финансиски спремен. знаеме како се прават деца, нема непланирано ♀️ или ризикуваш или пазиш. а државата што ни е заникаде тоа е факт, уште толку лабораториите тоа го користат за да ги нампумпат цените но се што може да се провери, стисни заби и снајди се. мене лично никој не ми предложи, јас со 32 години сама сакав се што можам да испитам, дали сум имала финансии или не е друга приказна ама ги платив и пренаталниот тест и клексани цела бременост и скрининзи на приватно..