1. Ја претераа со цените! Не секогаш Нифти тестовите се точни.Откриваат некои аномалии, НЕ СИТЕ. 2. Познавам луѓе кои Нифт тестот им покажа се во ред, а не испадна така (неколкумина и тоа) 3. Приската и да е во ред, гинеколозите советуваат Нифт - зошто !? Ако не се потпираат на неа зошто вооошто и постои ? Имаше една добра колумна на една докторка од Гак којашто многу убаво зборуваше за поврзаноста на приватните клиники со фармацевтските компании и нивните предности и маани. Во кратки црти она баш спомна дека истите не се сосема точни и многу жени имаат абортирано или се мислеле дали да родат баш ради тие резултати. 4. Консултирај се со Димчев, он ќе ти каже најдобро, врвен е во таа област. Со лесно и секое добро
Знаете како.. За првото ништо сомнително немаше на ПРИСКА докторот ме убедуваше направи јас уплашена на крај се ОК јас заглавив со плаќање.. Сега пак незнам ама изгледа се е за пари се за е изменето само болести .. Порано кај знаеле вакви мутации делеции двапати на преглед еднаш колку да се види вториот пат за раѓање...ова е катастрофа
Ако можеш уште со еден се консултирај Димчев или друг што го знаеш. Еве на крај и Нифти да правеш пак велат дека не е точен и се се сведува на амниоцинтеза. Дај Боже се да биде во ред, и верувам и јас дека е, ама сосема те разбирам како се чувствуваш. А и цената воопшто не е мала, ај да е само тоа што плаќаме ама плус додатни трошкови не чекаат.
НИПТ тестовите со причина се скрининг, а не дијагностички тестови, баш пошто работи со фетален материјал земен од мајчина крв, не директно материјал од фетусот. Односно укажува пр. ризик за даун, патау итн, не дијагноза. Затоа ако се најде позитивен резултат, секогаш се преферира да се потврди со инвазивна метода. НИПТ може да покаже дека сѐ е океј, а сепак да има нешто ако таа аномалија е помала од опсегот на детекција на ниптот. Буквално не постои генетски тест што ќе ви гарантира дека плодот е 100% здрав. Секогаш сами треба да си одлучите дали ќе правите нипт или не и што после, али голема грешка гледам у докторите што некогаш немаат доволно познавање од принципот на овие тестови, мислат со еден тест и пуф, сѐ ќе знаат за плодот.