I jas taka mislam,no sakav da vidam i vasi iskustva Da,sega imaat nekoja alkcija ako pravite zacuvuvanje na maticnite kletki 400 € nekade doaga poeftino vo paket
Ахаа...а цената е зависно од бројот на испитувања или? и можеш ти да си бираш кој пакет или како? не сум баш во тек со овие тестови,а др.ми кажа да направам..па просветлете ме
Da,harmony ima 3 vida na paketi Si biras vo zavisnost kolku i kakvi vidovi na ispituvanja sakas. Ke se slusnete so agentot,ke vi objasni podetalno
Те читав на друг форум кајгана мислам дека ,ако си истата ...таа ли си ? Те знам од друг форум ...истава приказна ја прочитав во кајгана ...и многу ми е жал низ што се си поминала ...јас сум 36 г...4 здрави бремености позади себе и никогаш не подлегнав под овие тестови...сега со 36 г и 5 бременост кога ми понудија од тестовите,твојата приказна ми беше во мислите и секако не прифатив да правам неинвазивен тест ...се надевам ќе те читам за убаво и млада си и со полна верба кон Бога ќе се оствариш како мајка ...се најубаво ти посакувам
Да се надоврзам на темата.Моја блиска пријателка, кога дозна дека е бремена почна со контроли. По некое време 3 4 месеци направила некакви испитувања, незнам дали се зборува за истите испитувања како членката погоре и кажаа дека детето можело да се роди со проблеми, малоумно дете немало да биде во ред уште какви не зборови, дека треба да оди на прегледи па мора да оди на консултација и ако треба и директно во Германија. Одеше кај повеќе доктори во Македонија сите различно кажуваа. И ја консултираа да си размисли што понатаму. Одлучи да го роди детето, не сакаше да го абортира. И кажа докторот дека е машко. Спреми се за машко му даде име на детето, кажа докторот дека ќе се пораѓа природно и дека нема проблем за пораѓајот. Кога дојде денот НИТУ МОЖЕШЕ ДА СЕ ПОРОДИ ПРИРОДНО (имала тесна карлица) НИТУ БЕБЕТО БЕШЕ МАШКО, НИТУ ИМАШЕ БОЛЕСТ НИ СИНДРОМ НИ НИШТО СЛИЧНО. Еве сега веќе е 7 месеци почнаа забчиња да и растат. Си расте куклата наша без никаков проблем (нормално како и сите деца). Незнам дали се зборува за истите испитувања, не сум имала искуство лично мое. Со среќа на сите мајки.
Tie sto pravea ispitivanje preku Harmony se imate li reseno i za zacuvuvanje za maticni kleti tamu,sega imaa nekoj paket. Vo bio save gi zacuvuvaat,dali nekoj ima iskustvo ili slusnato za niv
Јас правев, ама за матични клетки не, мислам дека е недоволно истражена и применета таа проблематика. Ако има некој нека сподели.
Мене ме интересира дали некој направил прентален тест откако ја направил приската и какви биле резултатите?
Мило ми е за твојата пријателка, што се завршило добро, и родила здраво бебенце. Но, имам едно прашање, твојата пријателка кај одела на контроли? Толку ништо да не погодат докторите? Ниту полот?
Тестот не за џабе кошта толку многу. Најточен е и прецизно објаснето за сите аномалии дали се или не се детектирани, а за полот точно кажува кој хромозом е наследен од таткото дали Х или Y
Праев Nifty во Гинекаликс и добив добар резултат ❤❤❤ чекаме девојче во март! Сега чекам резултат и за испитувањето за цистична фиброза што го добив како подарок. Инаку, баш имав дилема за кого да се одлучам, на крај пресуди пристапот од агентот! Замислете на неколку места каде што прашав ми кажаа дека резултатот од тестирањето е конечен и нема потреба да правам амниоцинтеза . А тука убаво ми објаснија, ми пратија резултат и ми кажаа дека рефундираат пари во целост ако резултатот е позитивен и треба да се потврди.
Здраво Бремена сум со близнаци 12+5. На скринингот се беше во ред, мали набори и присутна носна коска. Заради возраста - 35 ми препорачаа да правам тест. Едни ми го препорачуваат Нифти како посоодветен за близнаци а други Панорама. Дали некој знае кој би бил посоодветен за близнаци не само од овие два?
Da mi kaze nekoj koj neinvaziven test e podobar vo koj povise anomalii proveruvaat posto odluciv za neinvaziven test posto se plasam od amniocinteza pa nekoj mi veli deka neinvazivnite ponekogas ne kazuvaat tocnost I e biznis samo za pari ako moze nekoja da mi kaze dali skoro napravila amniocinteza I kako pomina
Најдобро е да го направиш НИФТИ 99.7% е точен 21 аномалија испитуваат. И е само со земање на крв од вена. Малку е поскап ама кога веќе правиш направиго него