Не, не сум грешка, за Панорама се работи. Имаат некога промоција за бесплатен прв скрининг доколку го правиш Панорама тестот.
Дали некој го правел овој тест необона, да сподели искуство? Дали има разлика од другите тестови бидејќи е помала цена од другите? http://www.synlab.mk/mk/doma/za-nas/za-pacienti/neinvaziven-prenatalen-test-neobona/
Здраво девојки. И мене од Систина ми рекоа да направам тест Нифти.. Ама не ми кажа зошто пред прв скрининг? Се мислам дали да го правам и кој. Нифти е скап, а и ги читав искуствата овде.. Не знам што да правам. Инаку сум 9 н. Плодот е супер Инаку за 3недели ќе правам скрининг во Систина 4500 ден. Само не знам кој др. ВЕ молам ваше мислење... Кој друг тест е подобар од нифти? Фала девојки.
Јас го правев Верифи плус за 35900 тој е најсеопфатниот од пакетите и тука читајки се одлучив за него, и заради цената нормално Денес добив резултат после точно 10дена сосе викенд и се е океј Задоволна сум ептен
Мила кога го правеше и која недела и дали се Мила каде и кога го правеше? Дали се плаќа на рати? Колку проценти е точен? И каде праќаат примерок, колку епрувети крв земаат? Која недела го правеше? Пред прв скрининг или после скринингот? Извини на долгиот пост. Фала мила
I jas go pravev pa ke ti pisam. Mi rekoa od 11 nedela nataka najubavo, se praka vo california usa. Punat 1 epruveta ama insistiraj na dvete mene pola rezultati ne mi stignaa pa mi zimaa pak krv. Toa e test na illumina, a toa e kompanijata koja gi pravi najpoznatite masini za sekvencioniranje na dnk. Ostanatite nipt testovi generalno gi koristat nivnite masini. Jas zatoa otidov tamu. Inaku mozes i posle skrining da go pravis kako sakas.
o На 3ти го правев во Жан Митрев најсеоофатниот пакет, тогаш бев 10+6 многу брзо завршив, ми наполнија една епрувета крв и вчера добив резултати, фала богу се е океј За жал нема можност за рати и случајно дознав за најефтиниот пакет дека им е покачен само не запамтив точно сума за 1000-2000 отпррилика беше. Во врдка со прв скрининг разговарав и со др.Димчев и негово мислење е дека е подобро прво кај него и доколку посочи на некаков проблем тогаш да сенаправи како даблчек. Но мене не ме држеше трпението и сакав побрзо да имам одговори. Во врска со проценти сегде се мислам скоро исти, но секако се многу поточни од приската.
И јас сум со близначиња па читав по форумов дека Панорама е најсоодветен. Колку те чинеше и за колку време се резултатите готови? Јас сум 11н2д па др. ми препорача или Нифти или Панорама па сега се мислам.
Здраво девојки, по препорака на докторка од Систина се размислувам за Панорама.Имаат некоја промоција со која ги покриваат трошоците за првиот скрининг. Како што читав низ форумов, тој повеќе го препорачуваат за бременост со близнаци, а кај мене се работи за единечна бременост. Исто, гледам дека доста членки од тука го правеле и Нифти, и се задоволни. Некој да сподели мислење/искуство во врска со овие два тестови? Јас читајќи на нет не можам сама да донесам заклучок што е подобро. Во принцип сите испитуваат слични работи...
@s.maja Денес зборев со агент за Панорама тестот, еве ти нешто од информациите што ми ги пратија на е-маил: Панелите кои се достапни се: PANORAMA Mini ПАНЕЛ -Трисомија на 13, 18, 21, триплоидија , пол и фетална фракција- 500 еур PANORAMA Basic ПАНЕЛ -Трисомија на 13, 18, 21, sex хоромозом трисомии X и Y; триплоидија, пол и фетална фракција- 550 еур Панелите кои се вклучени во кампањата " Земи Panorama и добиј прв триместар ултразвучен преглед" се : PANORAMA Basic Plus ПАНЕЛ-Трисомија на 13, 18, 21, sex хоромозом трисомии X и Y; триплоидија, делеција на 22q11.2 ,пол и фетална фракција-600 еур PANORAMA Advanced ПАНЕЛ-Трисомија на 13, 18, 21, sex хоромозом трисомии X и Y; триплоидија, делеција на 22q11.2, Angelman,Cri-du-chart,1p36 deletion,Prader-Willi, пол и фетална фракција- 690 еур Резултати се добиваат во рок од 7-10 работни денови. Материјалот се испраќа на анализа во Америка. Доста брзо оди закажувањето на термин, можеш да отидеш кај нив во лабораторија, или ако си по препорака на некоја од приватните болници, можат да дојдат и таму (зависи како ти одговара тебе, флексибилни се).
Драга, јас правев Нифти и сум презадоволна. Најмногу генетски состојби опфаќа и кога јас го правев во август имав податок скрининг тест за цистична фиброза. Цената му беше иста со останатите, а за многу повеќе состојби имаш резултат... Веќе коа го планираш трошокот... плус во недела сабајле ми соопштија резултат, ептеннн ептен фини. Деновиве и другарка ќе прави тест, ми кажа дека кога се јавила и кажале дека имаат и новогодишни ваучери со попуст. Не знам дали веќе имаш направено скрининг, ама попустот ќе ти дојде топ, исто ко да ти покриле скрининг приватно. Прости ако доцнам со одговоров
Темолам пиши повеќе детали околу ваучерот. Јас веќе ионака цела бременост се изнадавав пари за ivf и да е 50 евра супер ќе ни дојде. Фала Исто и јас се мислам помеѓу овие два. Панорама тестот чини 690еур и тој вклучува само 10 аномалии така?
Pred nekoj den bev na skrining vo remedika im gi naredile site brosuri ko na novogodisna elka. Ko sto zagledav dur cekav site imaat sea nekoj popust za skrining. Prasajte si kaj doktorot za skrining ke vi kazat
@veronikavera Да, ги вклучува сите погоре набројани и цената е сеуште иста, 690 евра за комплетната анализа со вклучен прв скрининг во приватна болница. Јас се размислував за тој пакетот од 600 евра, ама некако ме разубедија дека и тие микроделециите што се испитуваат биле со доста голема прецизност а на докториве и тоа им е битно. Панорама тестот користел поразличен метод за нивно тестирање. Ако уште разгледуваш и се распрашуваш за опции, можш да им се јавиш на Геномикс, ќе ги објаснат се во детали околу тестирањето. Со локација се наоѓаат на Партизанска, позади Брос кафе, во близина на Силбо. Јас веќе го направив тестот Панорама, тој пакет од 690 евра. Отидов кај нив во лабораторија, за 5 минути се заврши работа. Претходно ме најавија и ми земаа податоци, така да кога отидов само ми земаа крв. За резултат ми рекоа максимум 10 работни дена се чека.
Некој во скоро вееме да правел нифти? Ми рекоа резултати од 7-10 дена а еве веќе 9 дена нема абер од резултати,два пати звонам не им биле стасани.Веќе почнав да паничам да не не е нешто во ред,не знам што е работава.Сите што ги познавам што правеле пред 5-6 месеци ги добиле за 4-5 дена.
Јас правев септември...и исто како тебе секакви филмови си извртев. Секој ден им се јавував. Ми се јавија со резултатот на 9 ден во 8 на вечер, и беше се ок. Не е до нив...зависно тие во Хонгконг кога ќе го земат за работа. Со среќа! Се да е ОК
Ох леле тоа чекање резултати, можам да замислам. Јас правев во август, правев сабајле во понеделник мислам, а во недела ми јавија дека е се ок. Сигурна сум ќе ти кажат штом стигне. Повеќе се чекаше за цистична фиброза, некаде 2 недели, ама за Нифти одма кажуваат. Само позитивна мисла!
Фала ти, баш ќе јавам да ми објаснат што имаат да ми понудат и каков е резултатот. Исто ќе пишев, @Mandarinna88 и @охриѓанка пишаа дека правеле, плис инфо за цена моментална или број од претставник