Точно 41540 денари...ова е на почеток на септември. Не верувам дека има промена. Се добива и плус испитување дали мајката е носител за цистична фиброза. Гинекаликс е фирмата. Ги има на интернет https://ginekaliks.mk/ Има број таму. Акп сакате можам и од дечкото со кој јас комуницирав?
Ти пишав порака со број од девојката која ми се јави за резултат. Ама на кој број и да јавиш ќе ти објаснат детално буквално се. Инаку сега имаат попуст. Јас правев во август и имав понуда како @охриѓанка Сега ко што разбрав од другаркава што закажала имаат новогодишен ваучер со попуст, така што си имаш повеќе среќа Не можам да се сетам точно другарка ми на кој износ ми кажа дека е, да не те излажам, ама сигурно беше повеќе од 50е Ако ти значи, ќе ја прашам.
Исто како @охриѓанка што пиша 41540 јас правев минатиот вторник,еве денес 10 ден ми се јавија требало пак да ми земат крв бидејќи не нашле никаков резултат.Јас правев 11+1 така да совет од мене за да извегнете стресови правете после 12 недела
Да, те молам. И твојата бременост е ivf? Jac според трансфер сум 9+5, таман мислев од понеделник да се тестирам, веќе не можам да дочекам. Др ми кажа од 10та слободно, а еве и така читам.
Да и мојата бременост е со инвитро,инаку нифти се прави од 9 недела,но мене зборот ми беше од 12 + има повеќе шанси за да се изолира повеќе днк од бебето.Ти можеш да си го правиш слободно само викам да не се нервирате како мене,10 дена чекам немаше доволно днк од бебето и сега пак 10 дена чекање
Девојки ве молам кажете ми некоја што правела во брзо време Панорама, за колку време се добиваат резултати?Мене ми рекоа за 10 работни дена, но поради ситуацијата можно било да се почека и повеќе.
Јас правев пред една недела. Да, и мене ми кажаа дека толку треба да се чека. Тие секако ќе те контактираат одма штом стигнат резултати.
Да, стресно е малку Меѓутоа тие и сами кажуваат дека во целокупните резултати поголемо влијание имаат мерките од скринигот, а ова е само како надополнување на скрининг, за секој случај да не се пропушти нешто. Како и да е ќе поминат деновите, да се надеваме на добри резултати
Здраво на сите, го следам форумов некое време, па решив да се зачленам и да го споделам моето искуство и впечаток. Првично, воопшто не сум задоволна со односот на Панорама кога ги контактирав. Како идна мајка, во очигледно осетлив момент, а дополнително и загрижена (нели затоа и ги побарав), се изненадив кога се почувствував како вреќа со пари и имав впечаток дека се само фокусирани на профитот, отколку на тоа навистина да помогнат. Се јавив на сите други места и таму убаво ми ги објаснија разликите помеѓу тестовите и што тие нудат во споредба со останатите, додека од панорама не добив никакво објаснување ниту воопшто беа заинтересирани да споредат, но затоа ги негираа сите други тестови дека не чинат па и затоа се осетив како да едноставно ова за нив е профитирање на туѓа мака. Односот беше ладен, груб и безобразен, што не смее да си дозволат особено кога се справуваат со идни мајки кои очигледно имаат некаква грижа или потреба за тестот. Јас и сопругот сепак се одлучивме да одиме со друг тест кој дава резултат за повеќе состојби и од голема помош е што можеме да го исплатиме тестот на рати, особено во ова време што се е неизвесно со ковидов. Со среќа на сите и чувајте се!
Фала друштво на коментарите и мислењата, ни помогнаа да решиме. Јас закажав Нифти на 7ми, дента и така имам преглед во Систина, па ако имаме среќа ќе имаме роденденски резултат. П.с. точна е информацијата за попустот до крај на месец
Само да пријавам дека ги добив резултатите од Панорама и дека се добри.Ги добив точно за 10 дена иако ми имаа кажано дека ќе стигнат покасно.