Девојки во врска со резултатите од тестот конкретно Панорама дали сте добиле резултат Risk Unchanged кај Ангелман синдром? Се јавив во Панорама и ми рекоа дека е во ред резултатот.На интернет прочитав дека тоа значи кога феталната фракција е помала од 7% не може да се детектира ризикот од овој синдром.Значи јас во овој случај немам резултат за овој синдром и незнам што да мислам
Супер Маја, баш ми е мило што на крај излезе добро. Сега гали си меше и уживај си во бременоста Update и од мене: Сабајле кога прочитав дека ти имаш резултати, проверив и кај мене на маил. Во spam ми беше стигнат. Да не го прочитав твојот пост, немаше да ми текне да видам во spam Btw и кај мене е добар резултатот.
Баш ми е мило.Со среќа и тебе.Сега можеме малку да се опуштимеА дали и кај тебе има Risk unchanged кај Ангелман синдром?Кај мене го има ова, дека не е утврден резултатот поради помала фетална франкција.Изгледа дека го правев во 10та недела.
Ќе прашам овде. За другарка се работи. Кој од овие тестови имаат опција резултатот да го достават во кутија. Зборам за кутија која кога ќе ја отвориш ќе излетаат балони и во зависност дали се розе или сини ќе го дознаеш полот на бебето
Јас затоа не проверував микроделеции, не се секирај, нив ниеден тест мислам дека не може да ги детектира со сигурност, еве и да излезе ризик 50% пак ништо не значи.
Фала ти многу.Баш се загрижив, се мислев дали да барам пак да се испита, ама може најдобро е да не се замарам.
Мила мислам дека кај нас таква опција нема.Резултатите прво ти се јавуваат телефонски и на маил ги праќаат а ако сакаш може и лично до дома да ти ги достават но како опција за изненадување нема.Односно немам сретнато до сега
бидејќи не постои таква опцоја тука, нека го подигне резултатот од фирмата или нека го испринта од маил без да го гледа бидејќи полот стои најдоле, нека го однесе во било која цвеќара да и изработат таква кутија и средено.
Јас имам сосем различен впечаток од твојот. Не знам со кого од Панорама си конталтирала. Јас исто се јавував кај сите и баш од Панорама најубаво ми објасни жената, скоро пола саат зборевме и баш се ми објасни, како се прави тестот на кој принцип функционира итн итн. Буквално се што ме интересираше па дури и повеќе од тоа ми кажа. Мене баш денес ми земаа крв па чекам резултати сега.
И јас и се понудив да и го земам резултатот, да прочитам кој е полот и да го прецртам делот каде го пишува полот и одма да и го дадам листот. Верувам дека ќе сака прво да види дали е све во ред со бебушка. Лесна работа е после цвеќарата. Фала ти во секој случај. Мене лично тоа со балоните ми е баш непотребно. Ниту па нешто занимливо или романтично или не знам ти што
Маја, кај мене немаше такво нешто во резултатите, секаде пишуваше low risk. Го цитирав и вториот пост, сакав да се надоврзам за тие микроделециите се изнаслушав поделени мислења од докторите и на крај мораш да си одлучиш да не се замараш толку. Најбитното од сите тие е испитувањето за трисомиите. Затоа кај сите тестови трисомиите се и со најголема точност за разлика од се друго. Сепак, почесто се случуваат за разлика од овие другите синдроми. А за тоа што пишува кај тебе, сметам дека нема потреба да се грижиш, тоа е ептен редок случај на синдром. Едноставно немало доволно материјал за да се испита тоа. Консултирај си се со матичниот гинеколог, слушни и негово мислење за ова
Нема таква опција ама ја кога правев и го пратија резултатот на сестра ми во плик, она го однесе пликот во цвеќара и нарача балони во зависност што пишува внатре да стават розови или плави конфети Претходно ми се јавија само да ми кажат резултати дека се е во ред
За nifty додека штиклираа во прашалникот, ме прашаа дали планираме gender reveal party демек ние нема да знаеме некој близок ќе знае па да организира забава. Можеби е тоа тоа.
Значи од нифти претераа на 24 ми земаа крв,чекав чекав и дури 10 тиот ден ми се јавија дрка немало доволно днк од бебето оти примам фраксипирин и истиот ден пак ми земаа крв еве веќе 9 ден уште абер нема од резултатите,секој ден им звонам не им биле стигнати.А рекоа вториот пат ќе пишеле дека е со ургенција.Оф веќе три недели чекам чекам секакви мисли ми поминуваат.Зарем толку немаат контакт од македонија па не можат да прашаат што се случува.Некој со слично искуство..Веќе пукнав
Јас затоа го правев Хармони, баш читав за нас што примаме клексани дека кај повеќе тестови влијае на намалување на днк од плодот и ми потврдија дека нема да има проблем, во 10+4 го правев. Премногу чекаш да, барај им попуст.
Mene isto mi se sluci so verifi, cekaj zvoni cekaj zvoni pa posle kup urgencii da mi kazat hromozomski e ok,a za mikrodeleciite nemalo dovolno. Puknav od nervoza zaso 3 pati im rekov ako ima 2 epruveti i me bodete napunete gi dvete. E vtoriot pat gi napunija dvete i stignaa i famoznite mikrodelecii. Za uteha mi dadoa 3 gaga testa za korona, use se mislam dali ne zaebavaa so ova ama aj