1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неинвазивни пренатални тестови

Дискусија во 'Бременост' започната од svetkicka, 14 мај 2015.

  1. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Фала мила, знам дека е многу редок синдром, и дека заради феталната фракција која е под 7, не можело да се испита.Ќе ми беше многу полесно ако беше испитано и тоа.Баш затоа не треба да се брза со овие тестови како мене уште во 10та недела.Не дека нема да покаже ама сепак мислам дека е подобро малку покасно.Фала ти многу на одговорот.
     
    На Chrysanthemum и veronikavera им се допаѓа ова.
  2. veronikavera

    veronikavera Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Мами, јас уште не знам дали навистина ми јавија со резултат од нифтито или ми се сони. Во понеделникот утрото ми земаа крв, еве денес имам резултат, жив здрав машки мангуп :l: не можам да се соберам.
    Не знам дали некому толку брзо му стигнал резултатот, еве денес 5ти ден од боцкање.
    Уште не сум кажала на сопругот, во недела му е роденден, држете среќа да издржам да не се издадам :P
    НАЈТОПЛА ПРЕПОРАКА за Гинекаликс, дечките се надминаа!
     
    На Veki4kaa, Алек***, Bilka5T и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Chrysanthemum

    Chrysanthemum Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2020
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    @veronikavera леле колку радосна вест :l: Со лесно нека ти е во бременоста, поубав поклон за роденден не може да има маж ти. Прекрасно :hug:
     
    На veronikavera му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    И мене мила ми се јавија сабајле и ми кажаа преубава вест се е супер и дека е машко.Ама јас не можам да кажам дека сум задоволна бидејќи резултатите ги чекав три недели,два пати ме боцкаа сма најбитно е дека се е во ред.Поубави вести петочно неможеше да има:hug:
     
    На IRBBB, s.maja, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. veronikavera

    veronikavera Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Прво машко и кај тебе? Нема поголема среќа, цел одвратен впечаток за 2020 ми се промени. Ти посакувам и тебе со лесно да ти оди цела бременост!:*:

    Благодарам, благодарам, благодарам, само со убаво да се враќа :l::f:

    П.с. Каде нарачувате балони\ кутии за gender reveal и дали е доцна да нарачам за да ми достават во недела? Имате ли инфо вие што веќе имате резултат?
    Мислам имам идеја за роденден :sun:
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Мила јас не сакав да ми ги претат по пошта бидејќи ги имам на маил ама за да заштедиш време испечати си ги резултатите од маил отиди во твојот град во цвеќара или студио што декорираат ќе си ја кажеш идеата и напрсви го тоа денес до недела ќе ти го средат
     
    На veronikavera му/ѝ се допаѓа ова.
  7. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.564
    Допаѓања:
    137.338
    Веќе ти стигнале резултатите и мило ми е што е се во ред :)Извини што ќе се вмешам, само сакав да ти пишам дека и јас лани правев во Гинекалис, тогаш ми кажаа резултати се чекаат 7 - 10 работни денови. Јас резултати добив дури по 2 недели, ми се јавија прво телефонски(во Сабота), а после ми стигнаа и на е маил.
    Е за малтретирањето со повторно земање крв, стварно е нервозно. Знам кога разговаравме, мене ми спомнаа дека може и тоа да се случи.

    Како и да е, сега е се добро и уживај:hug:
     
    На veronikavera му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dromka

    dromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    301
    Пол:
    Женски
     
  9. veronikavera

    veronikavera Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Само да пратам поздрав до сите и да пријавам дека во Балон Магија ми средија супер балонче. Им јавив, им кажав што ми треба и се беше совршено :)) За тие што ќе сакаат вакво нешто, да знаете балонот трае само 24часа бидејќи внатре балоните се со хелиум и ако помине повеќе време немало да летаат :D 800 денари со достава, инаку 650 ден. Е таму немав новогодишен попуст со ваучер :rofl::rofl:
     
    На tina2018, IRBBB, Mandarinna88 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Mrs.Gjorgjievska

    Mrs.Gjorgjievska Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Не знам дали успеав да ги запишам сите информации што ги прочитав во групава за овие тестови за трисомии и микроделации.... Ве молам за искуство и мислење, кој во случај на позитивен тест дава пари за амниоцитеза што се прави за да се докаже?? Ja се плашам и да го направам реално, на ехо имаше бебето дебел врат како што разбрав, околу 3mm и ќе мора да правам или едно или друго, па да почнам од помалку страшното. И уште нешто, дали некој друг чекал да помине време за амниоцитезата? Јас сега сум 12+3, ако треба да правам, не разбирам зошто да чекам.... Тенкс за искуствата запишани овде.
     
    На SnezanaPet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Знам како се чувствуваш и затоа сакам да ти го споделам моето искуство.Поминав низ навистина тежок период.Во 9+6 ден бев на преглед за конзилијарно мислење.Докторот што го правеше прегледот забележа нухален набор од 2,6 мм.Толку многу бев разочарана и во паника.После 5 дена отидов кај докторот што ми го правеше инвитрото и нухалниот набор беше само 0,8.Од толку што не можев да се смирам закажав уште еден преглед во Ремедика кај др.Петрова.Наборот беше 1мм и немаше простор за грижа.Направив Панорама тест точно во 10та недела и резултатите беа супер.Ова го пишувам за да ти кажам да не се грижиш, грешки се случуваат.Немој да мислиш на најлошото.Мој совет ако можеш направи си веднаш неинванзивен пренателен тест.За другите незнам, но ако правиш Панорама и ако резултатот не е добар, во тој случај се препорачува да се направи Хорион Биопсија веднаш, да не се чека до амниоцинтеза.Постапката е поризична и се прави во случај само на лош резултат од тестот.Сите трошоци целосно се покриени од страна на Панорама.Ако повеќе сакаш можеш да чекаш и амниоцинтеза (да не правиш хорионбиопсија)и во тој случај се покрива од нивна страна.Но се додека не ги направиш сите испитувања, не мисли на најлошо, може се е во ред со плодот, а ти ќе се нервираш непотребно, баш како што ми беше мене.
     
    Последна измена: 16 декември 2020
    На tina2018, IRBBB, Mandarinna88 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Chrysanthemum

    Chrysanthemum Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2020
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    @Mrs.Gjorgjievska Не знам каде си била на скрининг, ама не е лошо да си отидеш на второ мислење. Мене матичниот гинеколог ми рече обавезно да отидам и на второ мислење, и покрај тоа што таа ме прегледа и имав направено Панорама тест, кои не покажаа никакви индикации за загриженост. Не сум имала искуство слично како твоето, меѓутоа вчера јас бев за прв скрининг на второ мислење. Многу беше тешко да се измери тој нухалниот набор и стварно треба да е подобра опремата за да даде попрецизни резултати. Мислам дека некои 5-6 пати ми го мереше докторката, и цело време беше со различни димензии. За моја среќа, варираше некаде од 1.0 - 1.5 мм.
     
    На IRBBB, Mandarinna88 и Mrs.Gjorgjievska им се допаѓа ова.
  13. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Мила најпрво да си отидеш на второ па дури и на трето мислење,направи си пренатален тест.Јас правев нифти и ми кажаа дека не дсј боже ако тестот излезе позитивен дека ја враќаа сумата за тестот и плус е платено правење на амниосинтеза.Немој веднаш со негативни мисли, еве друшката @Маја Т сподели како нејзе во систина ја извадоа од памет ама на крај излезе се добро
     
    На IRBBB, Mandarinna88, Mrs.Gjorgjievska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. veronikavera

    veronikavera Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Да, за Нифти покриваат такви трошоци во целост, во било која клиника да е правена интервенцијата. Јас правев неодамна тест. Ти пуштам среќа да е се добро. Мора да останеш смирена, за бебуш (fingers)
     
    На Mandarinna88 и Mrs.Gjorgjievska им се допаѓа ова.
  15. Mrs.Gjorgjievska

    Mrs.Gjorgjievska Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Фала за брзите одговори... претпоставував дека е логично да барам второ мислење само некако ме враќа назад кога ќе помислам на чекање редови и болници и гужви со целава ситуација, а бебето беше баш мирно и баш убаво се гледа на сликичката не знам како да ви ја прикачам сликата тука за да ви покажам... Тоа што ме буни е дека не сум во некоја ризична група како што гледам од искуствата погоре за имам некаков проблем ни во фамилија имаме нешто. Како и да е ќе се јавам денес и ваму и таму и тоа е што е како требало да биде ќе биде.
     
  16. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Ништо не мора да значи тоа, дури и навистина да е 3мм, сепак се смета во граници на нормала.Обавезно второ мислење кај некој навистина добар доктор, за да можеш да се смириш.
     
    На veronikavera, Mandarinna88, Slonce91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mrs.Gjorgjievska

    Mrs.Gjorgjievska Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Закажав преглед кај Петровска во Систина и тоа со 300 врски. Има ли некој искуство со неа??? Во понеделник конечно ќе видиме што ќе праам...
     
  18. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Не разбрав дали ќе правиш тест или ќе одиш прво на второ мислење за скрининг? Дајбоже резултатите да се добри и еден совет базиран на мое лично искуство: Ако имаш можност да правиш тест, со помош на докторката одберете тест каде јасно и транспарентно ти објаснуваат се. Ако имаш потреба од совет за избор, слободно пиши ми.
    Ќе ја искористам приликава само да прикачам дел од флаер за еден тест каде кога кога се јавив ми кажаа дека тестот нема потреба да се потврдува ако е позитивен. Што е голема маркетинг глупост. Не знам кај ќе им оди душата!
    flaer.jpg
    Јас правев летоска тест во Гинекаликс, таму ми кажаа дека што и да платам понатаму за докажување на евентуално позитивен резултат во целост ќе ми го вратат на девизна сметка каде и да одлучам да испитувам. Можеби и чувам број од дечкото со кого се консултирав, ако најдам ќе ти пишам порака.
     
    На veronikavera му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.012
    Пол:
    Женски
    Amnio se pravi mislam od 15ta nedela nataka ne moze koga bilo. Tvoe e da resis dali ke prais sega prenatalen pa mozda posle amnio ili samo amnio sto e najsigurno
     
  20. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.564
    Допаѓања:
    137.338
    Мене ми рекоа дека амнио се прави од 17 - 19та недела.