Тестовите се скапи и ради тоа не влегуваат во стандардна скрининг програма кај нас, во некои земји мислам дека се воведени. Кај нас некоја замена е приската. Ризик како ризик секогаш постои, истиот само расте со годините. Можеш на пр. да направиш ехо скрининг кај доктор што е субспецијалист од таа област, па доколку тој препорача да направиш - тогаш. Иначе не е само нифти кај нас, ги има неколку тестови кои нудат различни пакети, цената не им е на сите 700€. Сума сумарум, точен одговор на прашањево нема, како што ти сака душата така да правиш, секако тестот не е задолжителен.
Јас би ти препорачала, бидејќи имаш конизација, да ги дадеш тие пари за превентивен серклаж. Тоа ќе ти ја осигура здравата бременост наместо да го правиш тој тест ако немаш никакви индикации. Советувај се со специјалист, не со матичен. Поздрав
Мила пренаталните тестови се прават да се види дали плодот има генетски абнормалности а никако не е поврзано со ризиокот од скратување на грлото после конизација.Тие две работи не се поврзани едно со друго.За твојот проблем треба да си најдеш добар специјалист за да ти ја следи состојбата и да процени дали треба серклаж да се стави а нифтито со тоа нема да ти помогне.
И јас сум под 35, правев нифти, посиурен си за понатаму. Јас касно го правев, некаде 19та - ама така мораше
И јас сум под 35 и покрај тоа што на ехото-скринингот немаше никакви индикации се беше во ред ми рекоа да направам нифти. Да скап е тестот ама барем мирна главатан и нема да се преиспитувам после дали требаше да направам. Даваат на рати да се плати и тоа е олеснителна околност.
И кај мене беше иста ситуација немаше индикации,ама 36 сум до 2 спонтани.Имав направенои кариотип претходно и хла типизација ама да сум мирна глава направив панорама тест.Терам 20 недела многу помирно.Да и ратите се олеснителна околност.Но сепак тестовите се многу скапи.
Здраво, 10. недела сум, планирам секако да чекам до 12-та за да правам Нифти, но не сум сигурна каде. Цените се слични мислам, но ме интересира дали имате информација каде ги испраќаат примероците за испитување, мислам дека не се испитуваат во Македонија? И тие што правеле од каде се најзадоволни?
Нифти е НИПТ којшто го нуди Гинекаликс кај нас. Се праќа во Хонг Конг. Панорама и Верифи тестовите се праќаат во УСА. Хармони е во Германија. За цени јави се во сите фирми (побарај контакт на фб или гугл), пошо имаат некои попусти од време на време. Исто така нудат и различни пакети кои се разликуваат според цена. Пред Нова година, доколку избереш Панорама тест, имаше понуда за бесплатен ехо скрининг во приватна болница по избор и слично. Сензитивноста и специфичноста им е горе доле иста, мислам дека Американските се за нијанса по сензитивни, додека Нифтито е најсеопфатен.
Eve me pak mene, i pokraj uredno eho i prv screening, jas sepak si se odluciv i da si go napravam i testot, poso toj stravot deka ne si napravil se sto mozes, ne si otide denes zemaa krv pa ke si cekame rezultati pa posle da si uzivame, a za grlo za dve nedeli ke gledame dali treba serklaz. Fala vi na site na odgovorite, na kraj sepak se se sveduva na toa deka sakame site zdravo bebce i se sto imame moznost da napravime ke go napravime za da se osigurame
Јас вчера Нифти правев, да знаете има 70 евра попуст и сега целиот пакет е 600 евра. Ми рекоа резултат од 7 до 10 календарски дена. Полот на бебето посебно ќе ми ги пратат кај другарка, па она ќе ни прави забава за откривање на полот, само нела биде се како што треба. И на три рати ми дадоа да платам по 12.400 рата
Harmony го правев, па така се погодија околности да има човек во мој реон и да ми земе крв во мој град, без доаѓање до Скопје.
Здраво, јас веќе сум 12-та и уште се мислам дали да правам било кој од пренаталните,. Досега се се одвива нормално, го видов на ехо дека е целосно оформено, докторката провери мерки и рече дека супер напредува, не гледа ништо сомнително, но остави на моја одлука дали ќе правам. Она што ме интересира е дали освен хормоните како Даун, Едвардс... другите 80 што ги испитуваат може да значат нешто животозагрозувачко за бебето или се само информации дека може, а и не мора, во текот на животот да развие некоја посериозна болест или нарушување? И дали има некоја што и покрај резултати за некаков висок ризик од тестот, сепак има здраво и нормално дете?
Јас правев во Авицена, матичната ми ги препорача како врвна лабараторија што умее да чува/праќа крвни примероци, и штом тие се нафатиле да го работат тестот е докажано добар. Ми држеше логика ова, правев минатата недела и чекам одговор. Авицена ги праќаат примероците во институт во Шпанија.
И мене докторката така ми рече, баш со истите зборови. Може истата е во кој град ти е? Имаат процент и матичните, таму каде што не праќаат. И јас Авицена Baby test advanced правев Дениција, не читај многу на нет - глава боли од секакви информации. Со лесно
Јас исто се двоумев дали да направам пренатален и покрај тоа што двајца гинеколози ми кажаа дека се е во ред и дека нема индикации сепак направив. Ми натежна вагата за тест да направам размислувањето дека ете кога има можност однапред да се проверат ризци зошто да не се искористи. Скап е тестот вистина но сега ми е мирна главата. Плус јас знам и да се преиспитувам па да не биде после е требаше да направам зошто не направив... Зависи и колку си паничар по природа. Плус некаде низ темите прочитав дека нифти чинам беше, бил на попуст и сега е 600евра на три рати. Доколку финансиски ве премислува тестот може ова да биде олеснување при одлучувањето. Со лесно.