И мојот резултат стигна за 6 дена, се е во ред со бебчето, фала му на Господ, сега веќе можам да здивнам конечно и да уживам во бременоста, сите што се мислите да си го направите тестот ќе ви олабави мозокот од грижи
Во која недела од бременоста го правеше? За колку време ти стигнаа резултатите? Јас почнувам да грицкам нокти веќе, една недела помина..
Jas kasno, vo 19ta go pravev, za 10 rabotni dena mi stigna. Tie od Avicena ke ti se javat da ti kazat deka rezultatite ti se na meil, ke i gi pratat i na maticnata da gi vidi. Sekade low risk treba da pisuva vo tabelata. Koja ti e maticna?
Ќе правиш? Јас као одлучив да правам. За Хармони се решив. Ама само одоговлекувам. Најверојатно за десетина дена ќе го правам
Девојки вие што сте со стигнати резултати, еве Лиличе има пишано дека секаде треба да пишува low risk, кај мене на едно пишува risk unchanged. Кога ми јавиа рекоа резултатот е добар, сега некако се замислив. Еве ќе ја означам @Natashka1988 , мислам имаш познавање.
Супер се резултатите Софи. Ова за Angelman Sy. значи дека и после тестот ризикот е искалкулиран ист како за општа популација (1/12 000 е секако низок ризик). Чинам ова е Панорама тест, кај истиот за да се испита најточно за овој синдром потребна е фетална фракција над 7%,, а кај тебе е 4%, што е пак доволно за да даде релевантни резултати генерално (колку е порано правен, толку е помала). Така да кај сите што се со фетална фракција под 7% вака би стоело.
Ништо страшно, од причина што тие два синдрома, Prader Willi и Angelmann, се на истиот хромозом, 15ти, само едната се наследува од мајка, второто од татко, штом за едното е низок ризик, и за другото важи исто, во смисла, нема промени на 15тиот хромозом, ни во изглед, ни во структура, но не може убаво да се разграничи со оваа метода, кој дел е наследен од мајката, кој од таткото и затоа....Се надевам дека јасно кажав колку-толку Се си е во ред, да не се секираш Батко е, или дадичка?
Различни фирми различно ги даваат резултатите, некаде е со бројки, некаде со проценти, некаде во табела low risk, или пак графикон има- стриктно кај моите ми рекоа low risk да пишува требало; Ова кај тебе се си е во ред, башка матичниот секако ги гледа резултатите, нема што да се секираш - диши и уживај во бременоста. Гледам момченце е
Леле фала ти јас а прочитам нешто и веднаш мислам премислувам. Да Панорама е. Додуше ете не ми беше баш јасно што значи тоа, и добро е што прашав. Некое време го мислев. @Natashka1988 Одлично објаснето како и секогаш. Батко е батко, сега ќе морам да мислам именце. Ти уште малку ќе се гушкаш со твојот батко, мислам не сум во грешка дека и твоето злато е машко. Фала ти многу.
Се предомисли? јас демек нема да правам - со тоа размислување што ти го имаше претходно...но некако ми се мати памет сега а мм е стриктно за НЕ не знам ваљда имам уште малку време
Да уживаш и да смислиш најубаво именце Која недела си сега? Јас уште лежам си ја чекам докторката... болки менструални, на врата чекам од 34та, ама нешто му се заарни од коктелите урогестан + магнезиумче
Мене ми се запнаа и мм а и Поповиќ инсистира да го правам. И еве морам. Здравје следна недела ќе ме боцнат. Ме подлажаа дека ќе ми прават и парти со балоните што е , за полот. Не издржувам да не го знам до крај полот. Џабе се филмав оти изненадување ќе биде на сам пораѓај.
Ако нека си поседи, веќе си во сигурна зона издржавте двајцата многу Јас уште сум малецка 17+5, само си паничам по сите теми хаха
Го откривме полот со Нифти, и ми се оствари мојата животна желба да имам син! Прерадосна сум, другарките ми правеа балон забава и многу беше возбудливо и интересно! Летам денес од среќа и веќe на сите им ја кажуваме убавата вест дека сум бремена ❤️
Е само ради ваквата забава ми се прави мерак да правам пренатален. Само на тоа мислам, превозбудена сум. А од друга страна ми фуфка од резултатите. Цела сум збунка. А време се ближи и морам да соберам сила да ме боцнат. Со лесно да си го донесеш на свет синко
Ич да не му ја мислиш и да го направиш тестот. Си купуваш мир и спокој, а за забавата да не ти раскажувам колку бевме превозбудени и се изненадивме со полот, прекраснотии цел живот ќе ја памтам журката. Фала мила, заедно сме тука, на сите нека ни е со лесно и со радост до крај ❤️