Добив резултати од тестот: Low risk на сѐ, гратис вест дека ќе треба фустани да пеглам Заклучок, може скапичко, може малтретирање ама една грижа помалку е да знаеш дека нема генетски малформации.. Имајте убав ден сите
Девојки дали сметате дека ако направам пренатален тоа ми е доволно и не морам да одам кај Димчев за скрининг...може е доволно кај матичната да го направам првиот скрининг во тој случај? Што мислите?
Јас овој пат така направив: скрининг кај матична и генетски тест. Минатата бременост не правев генетски тест и сите скрининзи ги правев х2: и кај матична и во приватни клиники (и тоа различни ), а во 12та недела освен 2 различни доктори и приска правев.
Јас правев кај матичниот прв скрининг, брисеви и приска во Авицена, ама се мислам дали да направам прв скрининг и во Ре-медика или Сиситина. Освен Петрова и Димчев дали би препорачале и некој друг или баш за кај нив да чекам термин, бидејќи веќе сум 13+4? Или за вториот скрининг од сега да си фатам ред? Кои се цените отприлика кај нив?
Прв скрининг се прави до 13+6, не знам дали ќе најдеш термин толку брзо. За да закажеш втор ти е рано сеуште. За Ремедика цената беше околу 4400 за втор скрининг, но некој спомна дека цените биле покачени. За Систина не знам точно колку е ама претпоставувам дека е исто 4000-5000.
Дали сите тестови Верифи, Нифти, Панорама... се подеднакво детални или има некој со кој се испитуваат најмногу не дај Боже можни аномалии?
Па претежно сите се исти ама не сум сто посто сигурна треба да ги разгледаш. Знам дека едно време ако правиш нифти следуваше бесплатен тест за цистична фиброза.
@EvieBabe Обрати се тука, кај @Autumn Love јас признавам дека не студирав многу, некако времето ме престигна
Јас нифти (baby test) правев во Авицена. Ама повеќе ми се допаднаа резултатите како се објаснати во Гинекаликс. Разгледајте убаво, кај мене само графикон имаше, и low risk, а по другиве плус и бројки имаше
Нифти испитува најголем број генетски аномалии. Покрај автозомните тризомии и полови анеуплоидии, испитуваат плус 84 делеции/дупликации.
Мн бе ова се чека Verify у Жан Митрев прво ми рекоа 7 дена па сеа 10 работни. тоа се 2 неделииии. Требаше да си правам Хармони. Тоа е ќе чекаме нема друго.
Нифти во скоро време некој ако има правено, колку реално се чека за резултат? Баш како што викаат 7-10 РАБОТНИ дена?
Јас правев Центо Нипт, од понеделник резултатите ми стигнаа следниот вторник, 8 дена. Би требало и твојот да е така.
Да, бидејќи резултатите по DHL ги праќаат во странство, и затоа се чека. Мене за 8 работни дена ми стигна
Здраво, дали има некој што може да ми објасни дали овие тестови што испитуваат само трисомија на 13,18 и 21 се доволни затоа пто гледам дека има тестови што ги испитуваат сите 23 хромозомски парови? Дали само овие 3 се најчести и битни, а другите доколку недај боже ги има ќе се видат на ехо? Веќе закажав пакет со овие 3 па сега читам дека имало тестови и сите што ги испитуваат, па сега прашањето ми е што со другите и дали би се виделе на ехо