Не е 18, туку 17ти хромозом и се за Едвардаов, Патау и Даунов синдром. Тоа обично е основниот пакет. Во другите ти се вклучени испитувања на сите хромозоми, но тие аномалии и не значи дека ќе се забележат и во текот на животот. Договорот е помеѓу пациентот и докторот најчесто што ќе се испитува, во зависност колку е ризична бременост или желба на пациентката што сака. Многу често и кога нема потреба се испитува сѐ, но медицината е напредна, а ние сакаме да бидеме сигурни за сѐ.
Да ве прашам за резултати од Нифти. Во меилот ми имаа пишано за сите работи дека ништо не е детектирано, а во самиот документ за дел од нив пишува - low risk. Дали е во ред тоа?
Во Гинекаликс, над Толовски рентгент се наоѓаат, отидов таму потпишав договор, платив една рата кеш и за другите 2 ми дадоа фактура на две рати. Ги уплатив на одредениот датум во следните 2 месеци и малку полесно ми дојде плаќањето. Резултатот побрзо стигна, за 7 дена мислам дека беше
Најдобро е мислам 11-12та недела, односно кога ќе одиш на првиот скрининг. Претходно може да се случи да нема доволно материјал во крвта на мајката па да треба повторно да те боцкаат.
Обично го прават околу 12та недела заедно со првиот скрининг, ама јас го правев во 16та недела, мој избор беше тогаш да биде. Сакав првото тромесечие да го завршам па после тоа, зашто и ризикот од спонтан абортус се намалува потоа. Е сега јас немав никакви индикации и затоа не ми се ни брзаше. Ама ако скринингот покаже нешто тогаш можеби е подобро порано да се направи нифти. Не ме сфаќај погрешно, не ми е поентата да те плашам со што би било кога би било, чисто само ти пренесувам јас како направив. Ти одлучи како се осеќаш најсигурно во врска со тоа и секако со консултација со доктор.
Zdravo devojki. I jas sum za pravenje prenatalen test ama nemozam da se odlucam za koj. Daj te mi sovet koj e najdobar.
Тешко е да се решиш зашто сите се ок. Нифти, панорама, верифај....јави се кај сите побарај ги на нет и види према цена, услови на плаќање и што нудат па ќе решиш. Јас правев во Жан Митрев.
Сите што сме правеле ќе ти го кажеме нашиот како најдобар Јас правев во Авицена, бејби тест плус и адвансд ги имаат, едниот е поопширен од другиот и 50е поскап. Кој и да го избереш, во поглед на точност сите се тука некаде со точност, мали варијации во цена и опции за плаќање на рати, и сите крвта ја праќаат на разни страни на светот Некои доаѓаат во твојот град (ако не си од Скопје), за некои ќе мора да се возиш до нивната лабараторија. Ова си има и предности и маани. Некои, после тестот нудат попусти за зачувување матични клетки кај нив.. На крај, најважно е резултатот да е добар. Со среќа
Zdravo na site Nekoja koja pravela prenatalen test da mi kaze ako ima iskustvo. Denes pravev i ispadna deka moz osta za sindrom e 1:500 a spored mojata vozrast trebalo da bide eden na 800 Isto taka merata na vratniot nabor bese visoka 3.1 Utre pravam aminocinteza i so toa ke znaeme na sto sme. Dali ima sansi aminocintezata da pokaze deka e se vo red ili da se soocam uste sega so relanosta
Pravese prenatalen test ili priska? Rezultatite od prenatalniot test se cekaat min 3 dena. Ako si pravela priska, vez panika, toa e statisticki test koj cesto gresi.