Мое мислење е дека докторите препорачуваат тест од фирмата со која што соработуваат. Ништо чудно и процент да земат од тестирањето. Секако ова е мое мислење само.
Тоа е секако. Јас пошто да кажат ете 'сфатив' дека докторката ме матка, направив на место со кое не соработува.
Секако дека земаат процент докторите.. мене претставникот на нифти ми рече и двете докторки мои дека соработуваат со нив.. Ама мислам дека доколку нема никаков индикатор не би спомнале за тој тест, свесни сме дека за наши услови е премногу пари. Мене конкретно не ми спомна матичната иако соработува со нив,туку приватната ординација каде бев на скрининг.
Јас правев Панорама тест, па сега гледам на маил ми пратиле опција да им испратам маил на трудници кои имаат потреба да направат ваков тест, со тоа што добиваат ваучер од 70 евра, дали некоја е заинтересирана да им испратам податоци па да си искористи ваучер?
Попуст имаат за сите кои ќе прават Те молам кажи ми како си задоволна од тестот за колку време го доби резултатот
А во која недела го правеше? Јас сум со близначка бременост и преставникот нивни ми рече од 9+ се прави а матичнава вика да почекаме 12+
Па мене не ми спомнаа никаков ваучер. Се јавив за инфо ми кажа што опфаќа тестот,која недела би требало да го правам и ми ја кажа цената на која што ми рече дека имам 70 е попуст
Јас го правев нифти тестот баш пред една недела и цената им беше 670 евра и добив попуст од 50 евра зошто таму правев нифти и со првото дете. Баш ме интересираа цените како се движат и што опфаќаат другите тестови.
Пошто лежам цело време, ај викам ќе пратам меилови да ми одговорат. Бев загреана за Нифти, ама им пишав на ФБ ми рекоа пишете меил или јавете се на тел. ….. , неколку пати го форвардирам меилот и не враќаат и ги отпишав. Башка што видов во Кина дека ги праќаат, ме одвратија некако. Друг никој не ми одговори освен Хармони. Од Хармони излегоа ептен профи, одма ми враќаат на сите прашања. Изгледа тој ќе биде. Некоја искуство со Хармони (освен Буба)
Јас правев, само мораа два пати да ме боцнат. Првиот пат во 10 недела немаше доволно днк фрагментација и после во 13 пак ме боцнаа и ги добив бргу резултатите. Плаќање на рати и коректни се и достапни секогаш.