Јас верифи за 5 дена добив резултати. Како ми кажаа, така си остана Сите прават горе-доле исто. Не се "палете" на повеќе тестиви. Тие што се поспецифични за некој тест се маркетиншка варка. Видете само колку е % на точност и се ќе ви стане јасно. Главно се иапитуваат главните трисомии и таму % на точност е 99+. Нифри користи секвенционери на илумина. Кога Илумина има свој тест (верифи), зошто би правела нифти. Кај нас нифти прв се појави и тие најагресивни се маркетиншки, па некако "доминираат" на пазарот.
Се сложувам во потполност. @Septemvri обавезно прави си. Било нифти или верифи обавезно направи си, заради годините.. Јас правев верифи во 10та недела( претходно треба да имаш правено ехо заради срцева акција) во рок за 7 дена стигаат кај нене каснеа 3 дена ради реновирање таму во Калифорнија. Ама постојано бев во контакт до кај се..
И јас верифи го имам правено, за 6 дена стигнаа резултати. Тука сме негде @Septemvri со годините, така да си го правиш обавезно. Иако, Петрова отпосле кога бев на прв скрининг ми рече во денешно време е поместена границата до 40 години, ама сепак за мирна глава,напрај си го!
@Septemvri јас го правев Нифти во Гинекаликс (се наоѓаат зад Рамстор во близина на МВР), имаше некоја промоција со попуст од 70 евра, па го платив 680 евра и резултатите ги добив на 8-от ден (вкупно 8, не работни).
Ви благодарам, и јас следна недела ке бидам 10та г.н. па ке го правам тестот. Ви благодарам на сите што споделивте искуства
Блазеси ти мила.Мена кај Ивановски ми закажа ехееее дури во 13 нед.Зошто така?Кој пренатален тест ми го препорачувате најевтиниот и каде?Фала ви мили мои Ве
Јас ке го направам Нифти, се прави од 10 до 24г.н.ама порано резултати подобро. Моментално во Геникалис кошта 670е. Има и поевтини тестови, можеш да прочиташ погоре. Со среќа на сите.
Дали ги доби резултатите? Јас се одлучив за овој тест ми кажаа резултати од 7 до 10 дена сега читајќи те тебе ќе се размислам
Здраво Поради годините, над 35 д-р ми предложи да направам скрининг во 12 недела и нифти тестот. Вчера скринингот беше супер сите мерења нормални, но сепак се решивме за тестирање. Закажавме за понеделник за вадење крв. Ве молам поконкретно околу тестот, за колку време ќе имаме резултат. Ваши искуства. Фала ви.
Јас го правев Нифти пред една недела. Резултати добив точно за 7 дена, прво се јавуваат на тел.а после ги пракаат на меил. Плативме 41 000 ден.
Девојки никако,ама никако да не го правите пренаталниот тест на АВИЦЕНА има два немој да ги правите.Некогаш кога сакаш најдобро да направиш и излегува дека си згрешил.Јас згрешив,но немој вие.Еве што ми се случи.Пред една недела дадов крв за пренаталниот тест адвансед заради годините и денес место резултати јас замислете требало да давам уште една епрувета крв,замисли,малку ми земале.Каква е оваа почетничка грешка???Има ли некој вакво лошо искуство и како се завршило или јас сум ептен за никаде?АВИЦЕНА НИКОГАШШШШШ ПОВЕЌЕЕЕЕ ЗА НИКАКВИИИ РЕЗУЛТАТИИИИ!!!Да не си ја чукате главата како јас.
Јас мислам дека може да се случи секаде тоа, бидејќи кога јас правев во Геникалис ме прашаа дали се согласувам во случај да не е доволно крв или од други х причини да неможе да се направи испитувањето, да дадам уште една епруветка крв. Сепак крвта патува надвор од Македонија, испитувањето не го прават они, тие се само н некој начин посредници. Не се оптеретувај и не се нервирај, подобро така уште еден примерок за да дојдат вистинските резултати. Сега најмалку ти се потребни нервози
Не се секирај мила, гледај само биди малку пооштра дека сакаш да стигнат резултатите во рок кога првпат ти кажале дека ќе се готови ...пуштам среќа за убав резултат да стигне