Јас правев Verify. 11 недела со клексани немаше проблем со примерокот. Задоволна сум. Го избрав сеопфатнот пакет. Ама не се баш брзи резултатите.
Дали некоја има искуство со тестовите на Avicena? Сакам да го направам Babytest Advaced. Рано ми е уште, но сакам да се информирам.
Правев Нифти, резултатите стигнаа точно за 7 дена и најбитното што ни требаше е да ни кажат дека се е ок, сите тестови се слични, цените се тука тука најбитното е резултатот од нив да е добар. До сите што и да одлучите ви пожелувам добри резултати и една грижа помалку ...
Ме интересира за нифти кога правев докторот ги повика во систина, но дали некој знае во која лабораторија боцкаат?
Јас го правев. Резултати за 2 недели, односно 10 работни дена. Петрова во Ремедика кога ги виде резултатите, баш се изненади и тоа што се било испитано иако јас не знам кое што значи
И јас не знам што значат сите тие работи што се испитуваат ама гледам дека само тој тест има толку многу. Која недела го правеше?
Пишува од 9 до 20 ама гледам дека ако нема доволно матетијал во крвта (ако е рано) ги боцкаат пак. Фала ти
Колку кошта одприлика Хармони во Македонија? Тука во Германија пријателка 450 евра платила со се определување на пол. Полот не го кажуваат до 14 недела за да нема абортуси, имало психи што ако е женско абортирале.
600 € + се сите пренатални тестови кај нас како што можев да прочитам на форумов. Само не те сфатив за последната реченица ако сакаш да ми објасниш.
Во Германија е забрането докторот пред 14 недела да ти го каже полот на детето. Тоа е направено на барање на црквата, бидејќи имало родители што ако е детето женско го абортирале. После 14 недела абортус мислам дека може само со комисија.
@Vincent јас го правев тестот. Бев презадоволна, ме боцнаа во ремедика, на тој пункт, резултати добив за 4 дена. Ми кажаа и пол. Тестот стига на меил, плус ти се јавуваат. Е сега прочепкај по темава, ја касно дознав дека другите тестови опфаќаат повеќе состојби за иста цена.
Сега нудат сите предновогодишно ваучери со попуст. Инаку, Петрова ми рече да направам основен тест (13.18.21). Вика доволно ти е ова со оглед на тоа што во фамилија нема ризик,првото дете ти е здраво, право.
Абе се бива не дај боже, поубаво доплати уште нешто бар ќе бидеш посигурна, бар и микроделиционите синдроми опфати си ги
Денеска бев во Гинекаликс за нифти поголем спектар имаат на испитувања 600 евра е, покрај ди џорџ имаати многу други плус 94 микроделиции и дупликации. Инаку правев и во 2019 и тогаш се беше во ред наодот но пишуваше дека има случаен наод за микродупликација, се исповадив од памет незнаев кај сум, па на крај здраво право дете родив. Со лесно
Епа тоа ми е и мене.Баш Петрова ми рече, некои нудат се и сешто што ни јас нема да ти објаснам што е зошто ќе незнам. А баш зборев со другарка од Малта,они имале два теста избор и двата правеле само 13,18,21 и пол. А кај нас машала, избор