Пренатален се прави со индикација, амнио исто. Јас одев на скрининзи и никој не ми спомна неинвазивен. Приска правев ама за наредна бременост можеби и ме би правела. Само амнио може да даде одговор џа или бу, се друго е со провент на грешка. Ни ехото не е гаранција дека се е 100% во ред.
Фала што ни кажа зошто се прави оти ние шо имаме праено по еден или два појма си немавме зошто го прајме.
е секој за себе си одлучува.Има ризик,да. Ама не е 100% сигурен. Ко што пиша @MilaSs12 има ситуации каде што најдобро е пренатален,во некои ризични бремености.Но,како што кажав,според мене,премногу се комерцијализирани и даваат лажна сигурност.
Имаш примери за лажна сигурност? Да, и мене доктор од државна ми рече дека само амнио дава 100% точност, ама овие другиве за што ги измислиле? Па не ги правиме само ние овде. Скапи се, да, ама ако има ризик, подобро направи па не мисли. Затоа прашувам дали имаш некој пример за грешка во пренаталниот. Јас мислам нема, иначе би ги забраниле.
Јас знам случај каде прво неинвазивен правеа па мораше и амнио. Ако ти не си слушнала некоја да има погрешен резултат, не значи дека го нема. Никој не вели не прави, ама тестот не е гаранција 100%.
Јас пак ,за жал знам и случај со грешна амнио. Да не се докажуваме сега беспотребно, нормално кога правам нешто за бебе и одделувам средства финансиски ќе разгледам и расчитам се и потоа ќе одлучам.Некој по препорака на доктор,некој сам си одлучува кој тест. Не сме сите стручни , затоа прашуваме за да одлучиме. Верувам дека и вие што сте донеле одлука за амнио пред пренатален сте истражувале зошто. Така да, некогаш се кажува нешто колку да се каже. Ок. @tina2018 секакви искуства ќе прочиташ. Но ова се НЕинванзивни тестови и нормално го бираш "помалото зло". Инаку точноста на повеќето е повеќе од 99 така да не е малку.
Што излезе на пренаталниот, а што на амниото? Може поконкретно да објасниш? Каков "погрешен"резз даде пренаталниот?
Точно да, но затоа пренаталниот тест ти кажува дека ако има висок ризик да се направи анмиоцинтеза. Не е работата да се иде одма на амниоцинтеза сепак голем ризик е, затоа и ги смислиле ваквите тестови!
Резултатот нели е колку е ризикот? Кај мене на резултатот за се таму што беше испитано, пишуваше само low risk, ни % ни ништо
Каде прочита такво нешто? Јас не кажав да правите или не, кажав дека не е 100% гаранција пренаталниот. Ни ехото не е. Не е мое тоа амнио, нема да пишувам за туѓи дијагнози. Само кажувам во контекст на муабетот. Амнио се прави само во крајни случаи. Јасно е тоа како ден. Овде жените прават пренатален затоа што сакаат, или заради годините ги тераат да направат.
Еве јас не спаѓам во годините ризични, но го направив за да бидам сигурна и мирна во бременоста, секаде во свет ги прават овие тестови, а не приска на пример
Па тоа ти го велам. Овие тестови се за да провериш дали се е во ред со плодот. Ама има одреден процент на грешка. Како и ехото што има. Значи нема гаранција 100% дека се е во ред. Тоа го кажа членката само не сакате да читате.
Епа почнете а не докажувате. Ич не спомнувајте @pamelche не туку самиот тест си има своја специфичност ,колку% точност гарантира . Не на резултатот
Да да тоа знам, овој јас што го правев гарантира повеќе од 99% точност. Инаку мислев резултатот не е пример low risk 3% или слично.
Што е толку битно таму на некоја мајка што и кажале? Битно е да се каже тоа што го кажав а не дијагнозата.
Ако се случило нешто такво мајката може да ги тужи затоа што гарантираат голем процент на точност ама секако кога би се случило такво нешто на никој нема да му е до тужба .. само господ знае што и како ќе биде
Имаше и во темата поназад пишано една членка дека абортирала зошто добила даун од нифти , а на обдукција плодот здрав , прав