Исто и јас го правев Панорама адванс најголемиот пакет со ивф сум исто и се беше во ред, нормално е да мислиш исто и јас додека не стигна резултат ама се беше во ред.
Искрено да ти кажам незнам точно, се одлучив ради клексанот што тука не смета и ми изгледа пософистицирано тоа, а прашав и во борн ми рекоа дека се супер и така се одлучив шознам
Јас го правев во Генеа лабараторија со договор кај нив на 6 рати без камата, рата е 6 560,00. Сега деновиве имаат 20%попуст на лабараториски услуги па јави се прашај дали и на тестов би имала
Мене никој не ми кажа за клекснот, и јас сум со ивф, секогаш вечер се боцкам. Чекам утре резултати од qualified, се надевам се ќе биде добро..
Јас со нифти зборев и ми рекоа дека смета и треба да не го примам вечерта дури сабајле крв од кога ќе земати затоа овие панорама ги одбрав, а за qualified искрено незнам може не е проблем и таму. Праша ли пред да ти земат крв? Јас тука некаде низ форумов прочитав за тоа и затоа прашав дали смета.
Ниту прашаа ниту кажав, од Ремедика ми ги препорачаа и така договорив. Може требаше да се ангажирам малку да прочитам, некако сите беа исти и слични цени, сакав само да завршам рбота.. ајде ќе видиме утре/задутре би требало да стигнат резултати, изминуваат 7дена од боцкање..
Да сите се тука со цените, кај мене ова беше клучното иначе сите се исти, Како се справуваш со стресот од исчекување рез? Мене сабајле ми земаа крв ми рекоа за 7 дена работи треба да има рез, како ќе издржам незнам @Aleks33
иста бев, не спиев последниве неколку вечери инаку ми се јавија пред некој саат и ги пратија на мејл, се е ок Ќе биде се како што треба, ќе видиш
Здраво. Дали сите над 35 год прават вакви дополнителни тестови или зависи и од прегледот и препораката на гинекологот?
По препорака. Не се задолжителни. Мене матичниот ми велеше да не правам , дека е се во ред, но останав бремена на 41, јас лично сакав и направив, да си бидам мирна.
Здраво на сите, се испојавував на фирмиве што ги спомнувате горе. Убаво што постои форумов за да читам од прва рака искуства. Не успеав да најдам контакт од Генеа. И што е со Хармони работата? Зошто не се работи веќе тука?
Јас за Центонипт пишав на info@genea.mk и ми одговорија, само проверувај и спам. Место Хармони лабораторијата почна со Qualified.
Ајде и таму да прашам. А за Хармони, ко да ја прашав за бивш агентката, ко којзнае што да прашав, логично е да ме интересира зошто веќе не го работат. Мислев тука ќе најдам повеќе инфо