Здраво. Ми треба помош. Дали ако направиш nifty тест треба да се прави и скриниг ехо. ? Сакам да направам прв скрининг во систина и цената за близнаци е 8000ден. Јас ако ги правам сите 3 скрининга тоа е цената скоро како на nifty test. Што мислите вие дали е подобро да правам само nifty тест?
Не знам за близнаци ама јас кога бев во Гинекаликс за Нифти ми рекоа обавезно да одам на прв скрининг затоа што потребно било да се види како се развива плодот морфолошки. Вториот скрининг нема врска со Нифти тестот, така што треба да одиш бидејќи тогаш се гледаат сите органи на бебето.
Нифти е тест за потенцијални генетски болести. Скрининзите се многу битни за градба огани итн. Не се со иста намена. Јас не би ги прескокнала никако. Првиот и вториот се најбитни, посебно вториот. Третиот некои не го водат како срининг туку преглед за протоци постелка раст на бебе итн.
Нифти е за моментални хромозомски нарушувања на плодот. Нема ништо потенцијално, или има некаква мутација или нема.
Хромозомско нарушување или го има или го нема. Ако го има го имаш цел живот. Гаранција 100% нема, има процент на сигурност. Висока да, ама од каде да знаеш дека ти си во тој мал процент?
Мислам дека погрешно мислење имаш за тестот. Има над 99% точност. Ако покаже висок ризик за даунов синдром, плодот има даунов синдром. Се зборуваше на оваа тема. Верагене испитува потенцијални генетски заболувања и плус испитувања што ги има кај Нифти. Нифти е само за оние нарушувања кои се манифестирани кај плодот, немаат потенцијал да се развијат, веќе ги има.
Јас не направив прв скрининг. Пет пати го препрашав матичниот и ми рече дека ако правам нифти нема потреба од скрининг и дека на прв скрининг се гледа само даунов и ништо друго. Еве тука е објаснато прецизно: https://remedika.com.mk/skrininzi-vo-bremenosta-sto-otkrivaat/
Ама пак има шанси за грешка. Плус ако испадне пренаталниот со висок ризик, препорачуваат амнио. Тогаш се носи одлука. Тоа кажува се за точноста. Дали нешто ке се развие или не, времето ке каже. Ни за нас не знаеме што имаме и што ке развиеме.
Ако е со над 99% точност, кој е процентот за грешка. Не може даунов да се развие, ниту пак едвардсов, ниту патау и слично. Плодот е веќе развиен со таа хромозомска мутација. Нормално поради тој 1% ќе те пратат на амнио. Сакам да кажам, не за џабе ги препорачуваат докторите овие тестови. Не се инвазивни, а си сигурен.
Сигурен ке си кога ке прооди и прозбори. Искусен доктор тоа ке го каже. За тој 1% зборам јас, не се знае на која трудница ке и даде грешка. Јас лично не би била мирна и да направам ваков тест. Разврти ја темава, пишував на оваа тема. Не за џабе, кој кажа за џабе, за дебели пари ги препорачуваат.
Абе како си сигурен кога ќе прооди за овие горенаведениве. Дури и на ехо се гледа. За што мерат врат, набори. Ај што носат психички карактеристики, ама физичките воопшто не можеш да ги погрешиш. Не зборуваме за аутизам. Туку за тешки синдроми.
Да знам, ама и овие тестови даваат грешни резултати. Нема гаранција. Нема сигурност. Ако добро се сеќавам, тука прочитав дека некоја жена абортирала здрав плод затоа што неинвазивниот дал лош резултат.
Па затоа никој не ти вика абортирај после лош резултат, те праќаат на амниоцентеза. Така барем и ми кажаа кога го правев. Ама на ехо ако се види, зборувам од овие што се гледаат, на нифти се потврди, нема што грешка да се бара. Ќе се потврди и со амнио.
Здраво, во голема дилема сум, имам 38 години втора бременост, зачнато по природен пат, заради возраста матичниот ми препорачува Niffty, се распрашав по мои познати сите правеле амнио, а сега читав по интернет на хрватски форум прочитав за грешки во тестот поради што повторно направиле амнио, иамам пријателка која направи амнио и не размислуваше за пренатален тест, Ве молам споделете дали некој имал негативно искуство со Niffty, искрено со сите што разговарав ми викаат само за пари матичните земаат процент од тоа, не ми е ни до парите сакам само да сум мирна да знам дека бебчето е во ред, наместо да уживам јас се оптеретувам цело време што да направам
Јас немав никакви индикации за Нифти ама направив за да ми е мирна главата. Матичната рече пожелно е да се направи ако имаш финансии, ако не прави само скрининг и приска. После тоа разговарав со повеќе гинеколози и сите ми препорачаа да правам и го направив. Кај мене сè беше во ред, ама во случај ако нешто е сомнително те праќаат на амнио и примерокот го праќаат во Солун. Трошоците за амнио ти се покриени со самиот Нифти тест. П.с Јас лично не би подлегнала директно на инвазивна метода како што е амниото бидејќи секако и тоа си носи ризик.
Првата разлика е што нифти се прави порано од амнио што е многу битно. Друго, само ако покажи нешто на нифти тогаш се прави амнио за потврда, но ако не покажи нема потреба од амнио да се прави. Не знам дали имаат ќар матичните. Мојата само ми кажа кои опции на тестови ги имам, јас откако одлучив сама исконтактирав не ме прашаа тие кој ми е матичен па да му исплатат нешто од сумата. А матичната рече не се двоуми направи било кој неинванзивен. Инаку надвор од МК овие тестови се задолжителни. Ако имаш фимансии направи, ќе ти биди мирна главата после тоа.
Нифти дали се прави со упат, која цена е? И дали се чека за закажување, да знам дали сега да закажам, 7+4 сум, да закажам за 3/4 недели од сега ако има гужва...
Ve molam za iskustvo, go pravev prenatalniot test na BioSave Qualified, mi rekoa deka ke ima rezultati od 5 do 7 rabotni dena, eve veke pomina i 8miot den a od niv nemam povik i informacija. Me interesira opsto dali se neprofesionalni ili mozebi nesto ne e vo red so mojata analiza. Blagodaram