680eur e prosireniot paket. Kontaktirajte gi i ke vi kazat kade mozete da ostavite krv, sorabotuvaat so privatni laboratorii vo site gradovi
Фала Иначе имам 26 години и сум 13+5, правев приска и добри се резултатите. Вчера матичниот гинеколог ми се јави да ми каже да резултатите и со приказна како на некоја жена и се случило приската да биде во ред и да и се роди дете со даунов синдром, па ми предложи доколку сакам да направам и подетални испитувања, најверојатно мислеше на Нифти тест и ми кажа дека соработува со Гинекаликс и да им се јавам да ми објаснат подетално. Денес се јавив и ми рекоа дека ќе ми испратат се на маил и доколку се одлучам да ги контактирам за да закажеме термин. Сега се мислам дали да направам ваков тест, дали Панорама, или да одам на преглед кај Димчев па да ми каже он мислење.
Да не ти е доцна веќе за птенатален тест. 14та почна недела ќе те фати веќе. Јас би отишла кај Димчев
Не и е доцна Бубче. Јас во првата бременост 24 недела правев. Само незнам зошто вака ги паничат и зошто не им кажуваат од старт Приска да не прават, туку ако сакаат да направат пренатален. @Natte23 а скрининг кој ти правеше? Какви беа мерките на носна коска и нухален набор.
24та?! Прв пат слушам , искрено Ама ти мислам го правеше само заради некој сомнеж околу срценцето на синко, или грешка сум ?! Мислам дека за Даун , трисомии...дека е доцна после 13 та да се прави. Бар мене така ми кажаа коа правев
Така е, ама сомнежот беше за Даун, затоа го правев. Тестот секако ќе си,детектира се што треба, дали во 10 или во 25 исто е. Само проблем е што подоцна опциите за било каква интервенција се речиси никакви. После 13 доцна е на ехо (скрининг) да се види аномалија за Даун
Да прашам дали пренатален тест можи да открија аномалија на срце или глупости тропам јас правев нифти уште не сум стигната до втор скрининг и почнува паника да ме фаќа во фамилија и од кај мене и од кај сопругот бабата и дедото ни се со срцеви заболувања друг никој нема ама пак шубе ми е.
Со пренатален не може да се открие срцева аномалија. Тоа на втор скрининг или на посебен преглед фетална ехокардиографија.
Претпоставив дека така е ќе одам обавезно на фетална ехокардиографија само дали да одам во 24 недела или 28 или и на двете.
Ти кажаке веќе дека не може. Инаку бидејќи малиот мој имаше аномалија, првично се посоменаваа на вториот скрининг. Димчев кога забележа ме прати кај Драшко. Тој ме следеше на неколку прегледи и цело време го водеше како суспектно. За жал се роди сепак со срцева аномалија, за среќа се се среди.
Фала ти многу ама јас за ова прв пат те прашувам мило ми е што на крај се добро се завршило не е некој да прашаш одма со нервозен коментар.
Кога е најдобро да се прави пренатален тест? Од 11+1 до 12+2 нема да сум во СК и нема да можам да го правам, па се мислам дали пред 11 или после 12 недела е најдобро да се направи?
Твоја е одлуката. Скоро сите може од 10+ да се прават. Евентуално ако си на антикоагулантна терапија (иако официјално нема информации дека пречи), па за да не треба да те пребоцкуваат и да чекаш два пати да почекаш подоцна. Инаку нема подобро/полошо време. Јас за првото сплет на окплности во 24 го правев. Сега за ова 11+3.
Јас во 13 правев, мислам дека бев 13+2. Не менува воопшто, дури посигурно е подоцна затоа што ќе има поголема концентрација на фетална днк во твојата крв.