Мислев за недај боже ако резултатот не е добар, па да треба да се превземе нешто.. до кога може да се превземе, или може и тогаш и тогаш?
Некаде низ темава читав баш на членки во странство докторите инсистирале да го прават тек 13 та недела.
Во странство бар во Холандија знам дека не е вака. Само не го кажуваат полот пред 13 недела, дури и да се прави тестот порано.
Можеби било до докторот не знам. Знам ми остана во сеќавање кога читав на темава. Како и да е не е погрешно и во 13 та недела.
@Nala37 Најчесто се препорачува да се прави пренаталниот по 12 недела затоа што пред тоа има повеќе шанси за спонтан нели, па да помине критичниот период. Инаку ако не се добри резултатите подоцна се прави амниоцентеза од 16-20 недела како би се потврдил резултатот.
Здраво дали некоја го правела тестот CentoNipt во Генеа? Искуство? Дали, резултатите навистина стигаат за 3 до 5 дена?
Ти благодарам. Сепак се одлучив да го правам во 10+5 та недела, матичниот рече најдобро до 12 та недела да имаме резултати. Е сега тој ми рече да не го правам првиот скрининг, немало потреба. Вие дали го правевте?
Која недела си сега? Да го правиш скринингот задолжително! Важен е, како немало потреба? И тој е важен и вториот.
И мене исто ми рече дека нема потреба, дека на првиот се гледа само за Даунов и ништо друго, како приската е чиста статистика. Јас не бев на прв скрининг.
Мене и во Гинекаликс ми рекоа дека покрај Нифти, задолжително да одам на првиот скрининг за да се види и морфолошкиот развој на плодот. Така да не знам кој доктор така те советува...
Како мајка на две деца и сега го очекуваме третото, правев и приска и пренатален и скрининг во сите три бремености. Пред да се појават пренаталните тестови, на скрининг се откривале многу работи. Така да според мене скрининг е задолжителен.
Баш бев решена да не го правам ве читам сега и ме фати страв. Кај да правам скрининг, 11 недела сум а термини нема нигде бар на приватно. Дали може да се земе приоритетен упат за скрининг на државно?
До 12та недела плус некој ден имаш луфта. Значи ако можеш термин да најдеш било каде. Од Скопје си? Како бе така доктор да рече не бил битен цццц за срамота
Два доктора ми рекоа дека нема потреба. Од Скопје сум да. До кога најкасно може да де направи, дали е ок до 13 недела?