Една е мајка Море ја си знам таа недела како ми беше И тоа све ради годините А иначе, после кога бев на прв скрининг, докторкава ми вика абе поместена е границата, порано беше до 30, па до 35, сега е до 40, годините немаат врска....ама сепак не ти е сеедно и те јаде јанза Сега е друго, од кога ќе ги поминеш тие првични паранои Фала му на Бога добри се! Да поседат кај мама уште малце, таму им е најубаво
Јас нифти го правев 39000 ден. Но кога вкалкулирана цена за приска или амнио па патот за Скопје, тука некаде доаѓа. Само мирот е голем
А каде го правеше и колку време чекаше за резултати? Јас сум 10та недела и мислам дека веќе можам да го направсм тој тест нели?
Јас го правев нифти во 12 недела. Преку Био стем од Скопје. Дојдоа во Бт во Плодност ми зедоа крв, потпишав . Тоа беше понеделник, а резултатите по меил ми стигнаа во четвртокот. Прво ми се јавија од Био стем па на меил. Ако сте во можност би ви го препорачала.
Колку што читам, нема логика од Приска ако веќе си решил Нифти или Верифи да правиш? Јас имам 32 години, ама висок ФСХ и низок АМХ, па едвај стигнавме до тука и се плашам за квалитетот на јајце клетката - мислам дека нема да сум мирна дур не направам некој тест.
Да, ако правиш пренаталните тест нема потреба од приска и амниоцентеза. Резултатите од пренаталниот тест се подетални од приска, и се со 99% точност.
Исто и јас го направив Хармони. Резултатите стигнаа баш за 3 дена. Ми зедоа крв во пон. а резултатите ги добив во четвр. веројатно заради тоа што се прават поблиску, во лабораторија во Германија. Другите тестови се во Америка и Кина и се чека по 2 до 3 недели а не ми се чекаше толку долго во неизвесност да бидам.
Здраво девојки, Пред една недела правев нифти и сеуште чекам резултати... како одминуваат деновите така расте и мојот немир и неизвесност. На скринингот се беше во ред се нормално, нухалниот набор е 2 мм и др ми кажа дека е во ред. Тестот го направивме за наш мир. Читајќи сега гледам дека има различни параметри и незнам што да мислам... ќе морам да се стрпам и да чекам...
Здраво, Сакав да ве прашам, тие што правевте Нифти тест дали има некои посебни предуслови пред тестот - да си гладна или било што?! Или ништо посебно претходно не треба?